Македонија

Јаневски: Време е за пресврт, да се расчисти со предавниците, што ѝ забија нож в грб на Македонија, кои ѝ кројат црни сценарија и сега со „Бугари во устав“!

„Eдна од главните теми во Македонија и натаму е: зошто не сме ги внеле Бугарите во Уставот? Зашто одговорот е јасен. Не ги внесуваме зашто имаме два катастрофални протокола: потпишани едниот од Никола Димитров, а другиот од Бујар Османи, врз основа на кои Софија ќе не блокира веќе во првата секунда по отворањето на преговорите со Брисел, ако пред таа секунда не потпишеме дека сме вештачка нација создадена во 1944 година. И дека Гоце и сите други од „ Македонија како најромантичниот дел од бугарската историја“ ( како што велеше Петар Стојанов, поранешниот бугарски претседател) се Бугари, кои се бореле за бугарска Македонија населена со Бугари. Така што, од дамнина, до ден денешен, за Бугарија Македонија е бугарска земја, која комунистите ја претвориле во нешто друго, во нешто што сме денес и тука нема што ниту да се додаде, ниту да се одземе.“ – нагласува Дарко Јаневски, публицист, новинар и директор на Македонската информативна агенција – МИА во својата колумна со наслов „Бугарите во Устав, предавствата, мракот и светлината во љубовната приказна за Македонија“.

Натаму, покрај другото, Јаневски истакнува: А Димитров и Османи се расправаат чиј протокол бил подобар. Рамен е на армагедон колапсот од нивното време, од времето на нивниот гуру Зоран Заев, кому и натаму влакно не му фали од главата за сите злосторства што ги стори врз Македонија, За да се исправи тоа ќе треба време. Многу, многу време, кое ние го немаме. Но, што е – тука е! На Македонија и треба нова матрица. Матрица во човековиот ум, која нема само да бара, туку ќе биде подготвена и да даде. Ако треба да поднесе и жртва за оној кој веќе поднел или поднесува жртва. Така како што тоа го правеле многумина во историјата. Македонија е на крстопат. Владата има веќе две години од мандатот и сега е моментот за конечен пресврт во државата. Да се тргне кон „да се биде или не“. И при тоа ќе има денови, кои се мачни. Судбината, ваква или онаква, никого не штеди. Ова се денови на пресврт. Денови кога се гледа кому таа му дала се, но и кои се тие, што ѝ забиле нож во грб. Кои работеле и работат против неа. Кои Ја предаваат, ја кодошат, кои ѝ кројат црни сценарија на Македонија.

А, има други кои молкум биле со својата Македонија, ја сакале, ваква или онаква, и тогаш кога изгледало дека таа ги предала, ги оставила да крпат од први до први, да се мачат со осакатеното здравство, да трпат за лекови, да го топат геврекот во чај со старата кесичка која вчера само до половина била ставена во врелата вода, наместо со јогурт… но тие останале со својата Македонија. Е, на тие луѓе, за тие луѓе, вреди да се истрае до крај. За да се поништат претходните седум години. Да се помножат со нула. Да се решат предавствата. Тие од седумте години, но богами ги има дузина и од пред тоа. Предавства од дома, заедно со тие од надвор.

И за тие луѓе, оваа држава треба да се спастри. Да се расчисти со разните инсталации кај Савески, да се расчисти со оние инсталации, кои се научени дека оваа држава постои за нив, и дека тие од неа треба само да земат, да добијат, но не и да дадат. И да се почне од ново. Од нула. Без оние кои малтретирале кога ни било најтешко и без оние кои извршиле предавство, кои ни свртеле грб исто така кога ни било најтешко. Ова се моменти кога е потребна „Песочната бура“ на Американците во Ирак, или советските каќуши од Втората светска војна. За да може конечно да здивне оваа држава, која некогаш, како територија била за два ипол пати поголема, заклучува Дарко Јаневски во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Најнови вести

To top