Тема: втор круг на локални избори 2025

Касами: Дехари не донесе ништо добро во Кичево, не можеме да застанеме зад него само оти е Албанец!

Билал Касами, тетовскиот градоначалник и лидер на Беса, од коалицијата Вреди, во интервјуто за ТВ Алсат посочува дека „намерата не била да се поддржи ниеден кандидат, поради етничка припадност, туку врз основа на морални вредности и политички перформанси“.

Актуале: Левица отворено соработува со НАИ на Али Ахмети и ДУИ во вториот изборен круг во Струга, Тетово и Скопје!

Информативниот портал на албански јазик „Актуале“ ја констатира, како што нагласува, „веќе видната соработка на Левица на Димитар Апасиев со НАИ на Али Ахмети и ДУИ за 2 ноември“.

Рамиз Мерко им порача на стружани дека нема да го поддржи Арсим Далипи, кандидатот на НАИ и ДУИ во вториот круг

Сѐ уште актуелниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко го продлабочи својот судир со довчерашната матична партија ДУИ и со своите сопартијци, практично, повикувајќи ги гласачите на Струга да гласаат во финишот на локалните избори на 2 ноември за независната листа, а не за кандидатот на Али Ахмети и на НАИ.

To top