Македонија

Актуале: Левица отворено соработува со НАИ на Али Ахмети и ДУИ во вториот изборен круг во Струга, Тетово и Скопје!

Информативниот портал на албански јазик „Актуале“ ја констатира, како што нагласува, „веќе видната соработка на Левица на Димитар Апасиев со НАИ на Али Ахмети и ДУИ за 2 ноември“.


„Левица од Струга се бори против оние, кои го поддржуваат Менди Ќира! На општествената мрежа Левица од Струга го нападна поранешниот независен кандидат Роберт Милески, кој доби повеќе од 800 гласови од македонските граѓани. Нападите на Левица кон Милески уследија, откако овој се огласи со јавна поддршка за Менди Ќира.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Актуале“ во својата информација со наслов „Левица од Струга отвори јавен фронт против секој граѓанин на Струга, кој го поддржува Менди Ќира!“.

Натаму порталот пишува: Членови на ЛЕВИЦА денеска се видени во Тетово со претставници на Националната алијанса за интеграција на ДУИ и Али Ахмети. Соработката на „Левица“ со Националната алијанса за интеграција на ДУИ и Али Ахмети во вториот изборен круг се гледа отворено во Струга, Тетово и во Градот Скопје!

Ова се подразбира и од нападите на општествените мрежи, кои членовите на Левица ги вршат кон независниот кандидат Менди Ќира во Струга и кон кандидатите на Вреди во други градови. – објави „Актуале“

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top