Македонија

Рамиз Мерко им порача на стружани дека нема да го поддржи Арсим Далипи, кандидатот на НАИ и ДУИ во вториот круг

Сѐ уште актуелниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко го продлабочи својот судир со довчерашната матична партија ДУИ и со своите сопартијци, практично, повикувајќи ги гласачите на Струга да гласаат во финишот на локалните избори на 2 ноември за независната листа, а не за кандидатот на Али Ахмети и на НАИ.

„Не дозволувајте никој да ве збуни!“ – им порача се уште актуелниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко на гласачите од Струга, посочувајќи дека нема да ја поддржи опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција на ДУИ и Али Ахмети во вториот круг од локалните избори. Ова го објави ТВ 21.

Телевизијата наведува: Мерко соопшти дека независната листа, која тој ја поддржува, ќе одржи состанок наскоро и оти потоа ќе се донесат одлуки, што ќе им бидат јавно објавени на граѓаните.

„Граѓани на Струга, вистински и лојални поддржувачи! Денес ви се обраќам директно и со максимална сериозност, за да го уништам веднаш новиот бран шпекулации и измислени гласини, што имаат за цел да ја нарушат вашата доверба. Кружат гласини дека ќе го поддржам кандидатот на Националната алијанса за интеграција во вториот круг. Сакам цврсто да нагласам: нема да го поддржам кандидатот на НАИ во вториот круг!“ – објави Рамиз Мерко.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top