Во акција на полицијата и ОЈО 40 тони марихуана запленети во складишта! – Мицкоски: Катастрофално наследство од претходната власт!
Околу 40 тони марихуана се запленети во голема полициска акција што се реализираше вчера, според извори блиски до истрагата. Владата го потврди сериозниот карактер на случајот. Премиерот во телевизиско интервју изјави дека јавноста ќе биде шокирана од бројките и дека десетици тони дрога незаконски биле пуштени во промет или сокриени во македонските складишта. „Одговорност ќе има за ваквите злоупотреби и криминални дејствија“, порача премиерот. Тој го оцени случајот како „катастрофално наследство“ од економските политики на претходната власт.