Во детската клиника во Скопје победничкото ѕвонче силно ѕвонеше за Ана: малата хероина победи во најтешката животна битка! (Видео)
Во Клиниката за детски болести секојдневно се водат најтешките битки – битки што ниту едно дете не заслужува да ги води, а ниту еден родител никогаш не би посакал да ги доживее. Таму се лекуваат најмалите херои, дечиња кои, наместо да мислат на игра, училиште и безгрижно детство, покажуваат неверојатна сила, храброст и надеж. Но, токму на ова место се раѓаат и најубавите победи. Во изминатата година многу мали борци ѕвонеа на најомиленото и најпосакуваното ѕвонче на Клиниката – победничкото ѕвоно, чиј звук носи порака дека една тешка животна битка е добиена. Вчера тоа ѕвонче силно одекна за хероината Ана.