Македонија

Во детската клиника во Скопје победничкото ѕвонче силно ѕвонеше за Ана: малата хероина победи во најтешката животна битка! (Видео)

Во Клиниката за детски болести секојдневно се водат најтешките битки – битки што ниту едно дете не заслужува да ги води, а ниту еден родител никогаш не би посакал да ги доживее. Таму се лекуваат најмалите херои, дечиња кои, наместо да мислат на игра, училиште и безгрижно детство, покажуваат неверојатна сила, храброст и надеж. Но, токму на ова место се раѓаат и најубавите победи. Во изминатата година многу мали борци ѕвонеа на најомиленото и најпосакуваното ѕвонче на Клиниката – победничкото ѕвоно, чиј звук носи порака дека една тешка животна битка е добиена. Вчера тоа ѕвонче силно одекна за хероината Ана.

Со звукот на победничкото ѕвоно Ана одбележа една од најголемите победи во својот живот. Храбро, достоинствено и со насмевка ја помина тешката борба, покажувајќи дека и најмалите срца можат да бидат најголемите херои.

„Нова радосна вест од Клиника за детски болести. Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашaта хероина АНА храбро ја помина и ја освои тешката битка. На АНА и посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство!“, напишаа од Клиниката за детски болести. Нека звукот на ова ѕвонче уште многупати одекнува низ ходниците на Клиниката, носејќи нови победи и нови надежи за сите мали борци.

„Женски магазин“

Видео

Најнови вести од: Македонија

To top