Архива за: 13.05.2025

Хероите живеат вечно: Одбележани 10 години од кобните настани кај Диво Насеље

Пред споменикот на херојот Горан Стојменовиќ во населеното место Инџиково денеска се оддржа настан за одбележување на 10 годишнината од настаните во кумановско Диво Насеље, кои се случија во 2015 година. На настанот, како што информираат од општина Гази Баба, пред присутните се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалникот на општина Гази Баба […]

Странски готвачи ќе ни прават гравче-тавче, нашите ги избркавме од Македонија

Летната туристичка сезона се приближува, а земјите на Балканот, особено Македонија, Грција и Хрватска, се соочуваат со сериозен недостиг на работна сила во клучните сектори како угостителството, туризмот и земјоделството. И додека земјите во регионот бараат решенија за пополнување на празните позиции, не се гледаат само локалните предизвици, туку и растечката зависност од странски работници […]

Скопјани максимално разочарани од Арсовска, спас гледаат во новиот градоначалник

Повеќе канти за отпадоци, нови автобуси, повеќе зеленило и паркови, луна парк за најмалите, спортски игралишта. На скопјани им недостига чиста метропола, со среден јавен превоз каде ќе можат да живеаат подобро, онака како што се живее во подалеку поразвиените земји. Граѓаните оптимисти дека по локалните избори главниот град повторно ќе се врати во нормала […]

Во Калиманско Езеро пронајдена почината жена

Вчера во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско Езеро била пронајдена почината Д.А.(58) од Македонска Каменица, која претходно била пријавена дека се оддалечила од домот. Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево, а по наредба на […]

Ким Јонг-ун: Имаме право да ја браниме „братска“ Русија

Севернокорејскиот лидер изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го остварување на суверените права „во одбрана на братската нација“, објави државната медиумска агенција КЦНА. „Нашето учество во конфликтот беше праведно и во рамките на суверените права на нашата Република“, рече Ким, според агенцијата. „Ги сметам сите храбри […]

Тошковски: МВР ефикасно реагираше по убиството во Штип

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека МВР ги презема сите потребни дејствија за да може да се гарантира безбедноста како на територија на Штип, така и на цела држава, говорејќи за убиството кое се случи на 8 мај во угостителски објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. „Сметам дека сето она што […]

На Грција ѝ фалат 80.000 келнери, готвачи, чистачи, градежни работници…

Хотелиерите во Грција имаат сè потешкотии да најдат менаџери за рецепција, чистачи, спасители, носачи, келнери и готвачи, а од големите острови како Крит и Родос, има сè повеќе вести за работодавци кои ги „крадат“ вработените од конкурентите и им ветуваат подобри плати и услови. „Туризмот дефинитивно е во пораст, но денес Грците претпочитаат да работат […]

Народна банка објави колку сега изнесуваат девизните резерви

Оние кои штедат и имаат некое евро повеќе, добро ќе им дојде уште нешто, барем ако знаат добро да менаџираат. Податоците на Народна банка покажуваат дека девизните резерви на крајот на април годинава изнесувале 4,77 милијарди евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (75,3 отсто), по што следуваат монетарното злато (13,4 […]

Ѓорге Иванов стана почесен доктор на турски универзитет

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов стана почестен доктор на Универзитетот „Намик Кемал” во Текирдаг (Турција), соопшти неговиот Кабинет. Титулата почесен доктор на науки – Doctor Honoris Causa, Иванов ја добива како израз на признание за неговиот истакнат придонес во научниот развој, унапредувањето на интеркултурниот дијалог и зацврстувањето на регионалната соработка, како и за неговиот ангажман во […]

Покрај со Германија, со кои други земји Македонија тргувала периодов?!

Во периодот јануари – март годинава, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, најмногу државата тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 47.3 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.1 процент во вкупната размена. Стоковата размена со странство во првиот квартал годинава изнесува 4.701.140 […]

Ни помалку, ни повеќе – само 5.000 турски државјани бараат македонски пасош

Во 2021 година Владата на Македонија донесе закон што предизвика голема радост кај нас, со кој на иселените лица и нивните први роднини им се овозможува право да поднесат барање за двојно државјанство. Искрено им благодариме на Владата и на сите институции и претставници кои придонесоа за овој важен и значаен чекор. Но, иако поминаа […]

Американски фонд сака да го купи „Балкански тек“

„Елиот инвестмент менаџмент“ е во преговори за купување удел во бугарското продолжение на гасоводот „Турски тек“, заедно со пристап до мрежа од центри за податоци, кабли за податоци и други инфраструктурни средства, објави „Волстрит џурнал“. Во Бугарија, продолжението на „Турски поток“ е наречено „Балкански поток“, потсетува бугарски „Сега“. Американскиот хеџ фонд, предводен од милијардерот Пол […]

To top