Македонија

Ни помалку, ни повеќе – само 5.000 турски државјани бараат македонски пасош

Во 2021 година Владата на Македонија донесе закон што предизвика голема радост кај нас, со кој на иселените лица и нивните први роднини им се овозможува право да поднесат барање за двојно државјанство. Искрено им благодариме на Владата и на сите институции и претставници кои придонесоа за овој важен и значаен чекор. Но, иако поминаа […]

Во 2021 година Владата на Македонија донесе закон што предизвика голема радост кај нас, со кој на иселените лица и нивните први роднини им се овозможува право да поднесат барање за двојно државјанство. Искрено им благодариме на Владата и на сите институции и претставници кои придонесоа за овој важен и значаен чекор. Но, иако поминаа речиси четири години, сѐ уште немаме конкретен одговор, иако сè уште со надеж чекаме, се вели во јавното обраќање на група на апликанти од Турција за македонско државјанство.

„Овој закон, кој ги обединува нашите срца со татковината, отвори врата за десетици илјади луѓе да се вратат, барем формално, на земјата на нивните предци. Ние, исто така, со голема верба ги поднесовме нашите апликации за државјанство. Во нашата група на социјалните мрежи има околу 5.000 луѓе кои со нетрпение го очекуваат денот кога ќе ја добијат веста дека конечно стануваат државјани на Македонија – вест која ќе го официјализира нашето културно, историско и емоционално поврзување со татковината.

Од надлежните институции и претставници на Северна Македонија бараме: постапките за обработка на апликациите да се забрзаат, да се донесат позитивни решенија за оние кои ги исполнуваат условите и да се заврши овој историски процес со радост и достоинство. Ова не е само административна процедура – тоа е симбол на нашата културна припадност, почит кон предците и верба во иднината“, се вели во писменото обраќање на група државјани на Турција по потекло од Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

СДСМ се огласи: Нема извинување за министерката Божиновска

СДСМ побара од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска да одговори на обвинувањата што партијата ги изнесува за нејзината поранешна поврзаност со компании од „Руднап груп“, како и за зделка вредна 13,2 милиони евра за набавка на броила од српската компанија „Метер-контрол“.

Божиновска: СДСМ да ги повлече лагите или одиме на суд

„Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со ‘Руднап’. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби, вели министерката за енергетика

To top