Снажен руски удар врз Украина – урнат украински Ф-16

При одбивање на масовен руски напад со ракети и со беспилотни летала синоќа, украински авион Ф-16 беше оштетен, а пилотот од прва класа, потполковник Максим Устименко, беше убиен, објави Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украин „Во текот на ноќта, руските окупатори повторно започнаа масовен напад со ракети и со беспилотни летала врз […]

Мерц: Ќе направам сè гасоводот „Северен тек 2“ да не биде повторно пуштен во употреба

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека ќе направи сè што е во негова моќ за да се осигура дека гасоводот „Северен тек 2“ нема повторно да биде пуштен во употреба, објави денеска бриселскиот портал „Политико“. Мерц рече дека тоа ќе „ја ослабне воената машинерија на Москва и ќе го отвори патот за преговори“. Бриселскиот портал […]

Спасени четири лица од оштетена едрилица во Охридското езеро

На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект кој бил во водите на Охридското езеро, на околу 2.5 километри од езерскиот брег наспроти авто кампот „Извиднички“, бараат помош. Полициски службеници со службен глисер веднаш се упатиле кон посочената локација, каде се забележани четири […]

Израел бара Палестинците да го напуштат северот на Газа

Израелската војска во неделата нареди масовна евакуација на Палестинците во големи делови од северна Газа. Полковник Авичај Адрае, портпарол на војската, ја објави наредбата на социјалните мрежи. Таа вклучува повеќе населби во источниот и северниот дел на градот Газа, како и бегалскиот камп Џабалија, соопшти Асошиејтед Прес. Војската ќе ги прошири своите напади во северниот […]

ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДС зборува за патишта, народот си спомнува за чочекот во тунел

Кога СДС ќе излезе пред камера и ќе збори за изградба и пуштање во употреба на патишта, прва асоцијација што на народот му текнува е зурли, тапани, чочек, реагира ВМРО-ДПМНЕ.. Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти. Граѓаните добро се сеќаваат на плехот на дружината на […]

Партијата на пензионери ја напушта коалицијата со СДСМ

Партија на пензионерите ќе ја напушти досегашната коалиција со СДСМ и на претстојните локални избори ќе настапи како дел од коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како што соопшти претседателот на партијата, Илија Николовски, одлуката е донесена на барање на членството – околу 90% од нив се изјасниле дека сакаат соработка со актуелната власт. – Ние, како […]

Сиљановска-Давкова на Меѓународна конференција во Севиља

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија и ќе се обрати на првата пленарна сесија на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на Организацијата на Обединетите нации ќе се одржи во Севиља. Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска-Давкова, вечерва, таа ќе присуствува на […]

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија и ќе се обрати на првата пленарна сесија на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на Организацијата на Обединетите нации ќе се одржи во Севиља. Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска-Давкова, вечерва, таа ќе присуствува на […]

Трамп: Лудо е да му се суди на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше израелските обвинители на Truth Social во врска со судењето за корупција со кое се соочува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека Вашингтон, „кој му дал на Израел милијарди долари помош“, нема да го толерира тоа. Нетанјаху беше обвинет во Израел во 2019 година по обвинение за поткуп, измама […]

Кафето во Охрид скокна на 200 денари, па и повеќе – туристите бесни

Како никогаш до сега, цените во Охрид уриваат рекорди. И на пазарите и во чаршијата. Кафето покрај езеро чини од 3 евра па нагоре, односно од 200 денари, па до 250 за нес кафе покрај езеро, зависи од локалот, но и од погледот. Потоа, топче сладолед од 80 до 120 ден, просечната цена на пицата […]

Падна апликацијата „Мој ДДВ“ – се работи на проблемот

Проблемите со апликацијата започнаа уште пред неколку дена, а Управата за јавни приходи (УЈП) вчера официјално потврди дека станува збор за технички проблем и увери дека се работи на негово отстранување. „Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да […]

Вучиќ ќе се обрати на нацијата по вчерашниот Видовденски протест

Претседателот на Србија најави обраќање во 11 часот денеска во врска со синоќешниот протест во Белград, на кој имаше и судири. Претседателот Алаксандар Вучиќ пред почетокот на вчерашниот протест кој започна во 18 часот изјави дека „очекува насилство“, велејќи дека е „невозможно некој да инвестира огромни пари против една земја без барем да проба нешто“. […]

To top