Архива за: 07.06.2025

Блокада на границите со 300.000 камиони ако до 16 јуни не им се овозможи да работат непречено

Возачите од Балканот не сакаат да бидат третирани како туристи или азиланти, па да им се дозволува престој од 30 дена во период од 180 дена. Тие бараат нивниот престој во ЕУ да не се смета од моментот на преминување на границата, поради што многумина биле уапсени им се забранил влез, туку според тахографот во […]

Илон Маск: Не се дрогирам!

Илон Маск објави на неговата социјална мреќа “X“ дека не зема дрога, еден ден откако Њујорк Тајмс објави дека за време на изборната кампања, поранешниот соработник на Доналд Трамп земал значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки. „Да бидам јасен, НЕ земам дрога! Њујорк Тајмс лаже. Пред неколку години користев кетамин на рецепт и објавив […]

„Не си играјте со оган“: Кина бесна по изјава на американски министер

Кинеската влада го обвини американскиот министер за одбрана Пит Хегсет дека се обидува да „сее раздор“ во Азиско-пацифичкиот регион, откако на конференцијата за одбрана во Сингапур предупреди дека Кина претставува потенцијална „непосредна“ закана. Хегсет во саботата изјави дека Кина „сериозно се подготвува за можна употреба на воена сила за промена на рамнотежата на моќта во […]

Русија сака да анектира и други области во Украина

Јавните изјави на руските претставници укажуваат дека Русија има амбиции за пошироки територијални цели во Украина надвор од четирите региони што нелегално ги прогласи за анектирани. Претседателот на Комитетот за одбрана на руската државна дума, Андреј Картаполов, вчера изјави за ТАСС дека Украина ризикува да ги изгуби градовите Запорожје, Днепар, Суми, Харков, Одеса и Николаев […]

Македонија забрзано старее

Земјава е веќе во длабока демографска старост. Влезена е во процесот на демографска транзиција кога смртноста станува поголема од раѓањето. Бележиме загуба на природниот прираст од преку 8 000 лица просечно секоја година и оваа тенденција ќе продолжи, велат експертите, за МИА. Иднината, прогнозираат, не e ветувачка: Според едни, утопија е воведувањето какви било мерки […]

Инспекторатот за јазици ќе стане дел од Министерство за правда

Премиерот Христијан Мицкоски, објави дека е постигнато решение за исплата на неисплатените пет месечни плати за вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците. За време на средбата со вицепремиерот Изет Меџити и директорот на Инспекторатот, Арсим Идризи, беше разгледана финансиската состојба на вработените и можностите за решавање на ситуацијата. Премиерот најави дека Инспекторатот ќе биде […]

Денска топло, следните денови летни температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролшки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Најтопло ќе биде во Скопје и во Гевгелија, каде максималната дневна температура ќе достигне до 30 степени. Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала, до умерена […]

To top