Македонија

(Видео): Ги користеле државните ресурси и ме прислушкувале, рече премиерот

Станува збор за луѓе полусвет, кои немаат во животот доволно мотив да се занимаваат со убави работи, па се занимаваат со туѓите животи, мислејќи дека на тој начин ќе добијат некаква пофалба, некаква предност кај нивните наредбодавци, и ќе напредуваат така во кариерата.

Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги користеле државните ресурси за да ме преслушкуваат мене, како и бизнисмени и новинари и време е оние што вршеле злоупотреби да завршат зад решетки, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Јас не би можел да зборувам за деталите, бидејќи тоа е државна тајна и така се класифицирани тие документи. Но едно е факт, дека двете агенции и Агенцијата за разузнавање и АНБ темелно се занимавале со претседателот на најголемата опозициска партија во тоа време, т.е. со мене, меѓу другото и со бизнисмени и со новинари. Така што, еве да оставиме време периодов процесот да тече, да видиме Обвинителството што ќе каже, судиите нормално во еден судски процес. Јас сум навикнат, еве истекува осмата година како сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ навикнат сум на таков тип на луѓе и не ме изненадува тоа бидејќи и тогаш стигаа до нас информации што сè се случува – рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека станува збор за луѓе полусвет, кои немаат во животот доволно мотив да се занимаваат со убави работи, па се занимаваат со туѓите животи, мислејќи дека на тој начин ќе добијат некаква пофалба, некаква предност кај нивните наредбодавци, и ќе напредуваат така во кариерата.

– Секоја работа има свој почеток и свој крај, очекувам овие глодари да завршат онаму каде им е местото, зад решетки и еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребата на ваквиот тип на агенции и ресурсите со кои тие располагаат – рече премиерот Христијан Мицкоски.

На новинарско прашање дали АНБ ги доставило документите до Јавното обвинителство, затоа што од ЈО тврдат дека не иницирале никаква постапката, директорот на АНБ, Бојан Христовски рече дека ЈО е известено.

– Таканаречената реформирана АНБ во 2019 година била сè, само не била реформирана институција, повеќе била фасада од реформирана институција. Тоа што се случувало внатре, било да една помала група, составена од еден поранешен директор и помала група вработени во институцијата, за која и тоа како имаме индиции, ја злоупотребила својата службена положба. За истото е известено надлежното јавно обвинителство. Повеќе не би можел да споделам, се работи за детали кои се со висока класификација и се сензитивни и не би сакале, меѓу другото, да ја нарушиме некој законски процес или процес којшто е или би бил започнат од Јавното обвинителство – рече Христовски.

Овој ден, додаде тој, јас повеќе го гледам како ден во кој раскрстуваме со минато.

– Ден во кој покажуваме и даваме порака до сите кои некогаш се дрзнале да ја злоупотребат својата службена положба повеќе да не го прават тоа. Се надеваме доколку се докаже вина кај оние за кои ние го имаме известено ЈО ќе одговараат за тоа и дека никогаш нема да се повтори незакоснско, непрофесионално и неетичко работење во агенцијата – рече Христовски.

Најнови вести од: Македонија

Андреевски: Обвинителството да ги истражи Извештајот на ДЗР за ПОЦ за незаконитостите, сите сомнежи за грабеж и бесрамно пљачкосување на парите на центарци!

Извештајот на ДЗР за ПОЦ е полн со еден куп нерегуларности и сомнежи за криминал, овој документ заслужува посебна седница, нешто што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го побара. Сакајќи да избегне соочување со фактите пред очите на центарци, градоначалникот Герасимовски се обидува на нетранспарентен начин да ја протне расправата за оваа тема, на седница преполна со други точки, само за да пренасочи вниманието од оваа финансиска афера од невидени размери, објави Горан Андреевски, координатор на советничка групата на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Мицкоски: До крајот на оваа седмица технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната, откако целосно ќе се испере системот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика.

Втори месец по ред опаѓа довербата и се зголемува недовербата на Бугарите во владата и премиерот Радев

Само неколку месеци по формирањето довербата во бугарската влада паѓа, а паѓа и довербата во премиерот Румен Радев. Ова е веќе втор месец по ред. Вакви резултати покажува анкетата на агенцијата „Маркет линкс# спроведена за радиодифузерот бТВ на 1.002 граѓани во периодот од 11 до 19 јули.

To top