Македонија

Македонија забрзано старее

Земјава е веќе во длабока демографска старост. Влезена е во процесот на демографска транзиција кога смртноста станува поголема од раѓањето. Бележиме загуба на природниот прираст од преку 8 000 лица просечно секоја година и оваа тенденција ќе продолжи, велат експертите, за МИА. Иднината, прогнозираат, не e ветувачка: Според едни, утопија е воведувањето какви било мерки […]

Земјава е веќе во длабока демографска старост. Влезена е во процесот на демографска транзиција кога смртноста станува поголема од раѓањето.

Бележиме загуба на природниот прираст од преку 8 000 лица просечно секоја година и оваа тенденција ќе продолжи, велат експертите, за МИА.

Иднината, прогнозираат, не e ветувачка:

Според едни, утопија е воведувањето какви било мерки кои би го сопреле процесот на стареење, но спроведувањето активности за адаптирање кон демографското стареење е реалност.

Според други, клучот е влезот во ЕУ зашто ќе наметне исполнување стандарди кои би го подобриле живеењето дома, што, пак, ќе значи многу помалку иселување, но и враќање на дел од македонското население во својата матична држава.

Стратегијата за стари лица (2010-2020) покажува дека до 2050 година се очекува секое петто лице да биде старо над 60 години…

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top