Архива за: 23.01.2026

Новиот систем за влез во ЕУ може да ги уништи транспортерите и економијата

Вицепремиерот Николоски најави дека Владата ќе продолжи интензивно да работи на надминување на предизвикот, со цел заштита и стабилизација на транспортниот сектор и на економијата, како во Македонија така и во целиот регион. Европската комисија се огласи по најавите за блокада на граничните премини од страна на превозниците од Западен Балкан, поради воведувањето на новиот систем за влез и излез – ЕЕС.

(Фото+Видео): Сите државни патишта се исчистени и проодни, екипите на „Македонија пат“ на терен, вели министерот за транспорт

„Благодарам за силниот ангажман на вработените во Македонија пат. А, снегот дава дополнителна убавина на нашата Македонија!“, порача министерот за транспорт Николоски. Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да патуваат внимателно, и покрај подобрените услови на патиштата.

ССМ реши: Излегуваат на протести за повисоки плати

Битката за повисоки плати. ССМ ги повика работниците масовно да излезат на протести. Бараат минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати. Велат мизерно е функционерските плати од февруари да се зголемат за 10 проценти или од 200 до 300 евра, а работниците од март да добијат 25 евра колку што е законското усогласување, во услови кога македонските плати се на дното во регионот и Европа.

Трамп: Европа не е тоа што беше порано, ужасно е тоа што си го прават самите

Според американскиот претседател, кој е во зборовна војна со лидерите на носечките европски земји, пред се, поради ситуацијата со Гренланд, „некои делови од Европа денес се непрепознатливи„. „Ја сакам Европа и сакам таа да оди во вистинската насока, но не оди.“ – посочи Доналд Трамп.

Мицкоски: Како трет мобилен оператор „Фор-ај-џи (4iG)“ ќе инвестира 100 милиони евра, ќе се намалат цените на услугите!

„Денот во Давос го започнавме со состанок со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија. Разговаравме за неговите планови, откако ги упати парите, што се потребни за добивање на лиценцата. Тој ме информираше дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој како трет мобилен оператор. Граѓаните добиваат нова компанија, што ќе нуди мобилни услуги и  којашто, сигурен сум, ќе влијае позитивно за  намалување на цените на услугите кои, што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија.“ – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Лажни мејлови од Бирото за јавна безбедност за наводни „кривични истраги“ – не отворајте ги!

Во последните денови, МВР регистрира зголемен број пријави од граѓани кои добиле електронски пораки наводно испратени од директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, или од Единицата за сајбер безбедност. Во пораките, примачите се предупредуваат дека се предмет на кривични истраги за сериозни злосторства како детска порнографија, педофилија или трговија со дрога и им се наложува да се јават во полициска станица или да испратат повратен имејл во рок од 24 часа.

За ексминистерот за внатрешни работи на Албанија Демирај Вевчанскиот карневал е „марш на српско-македонскиот фашизам“?!

„Срамната парада во Вевчани, кај Струга, овој месец, претставуваше марширање на српско-македонскиот фашизам, бидејќи на улиците во Вевчани се славеа масакрите во Хрватска и Босна и Херцеговина и геноцидот во Косово, извршен од српските четници. Таа парада беше марш на омраза од луѓе без совест, кои ги слават злосторствата против човештвото, крвта на децата, жените и невините цивили во Хрватска, Босна и Косово. Ова не е ‘комеморација’, туку славење на криминалот и варварството.“ – тврди Дритан Демирај од Албанија, во својата скандалозна колумна со наслов „Генералот Демирај: Аркан маршира повторно – српскомакедонскиот фашизам на улица, Албанците во молк“. Дритан Демирај е поранешен високорангиран и повеќекратно одликуван офицер во албанската армија, командант на нејзините специјални единици „Командоси“. Во 2017 гоина бил министер за внатрешни работи на Албанија. Тој е и доктор на науки по меѓународни односи и безбедност.

To top