Македонија

Новиот систем за влез во ЕУ може да ги уништи транспортерите и економијата

Вицепремиерот Николоски најави дека Владата ќе продолжи интензивно да работи на надминување на предизвикот, со цел заштита и стабилизација на транспортниот сектор и на економијата, како во Македонија така и во целиот регион. Европската комисија се огласи по најавите за блокада на граничните премини од страна на превозниците од Западен Балкан, поради воведувањето на новиот систем за влез и излез – ЕЕС.

Македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за електронска евиденција при влез во Шенген-зоната, апелира до Европската Унија Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, предупредувајќи дека нивната примена ќе предизвика сериозни удари врз домашната и врз регионалната економија. Од Собранието, Николоски изјави дека Владата целосно ги разбира револтот на транспортерите и најавениот протест од понеделник, во кој ќе учествуваат превозници не само од Македонија туку и од целиот регион на Западен Балкан. Според него, новите правила директно ќе ја намалат работата на транспортните компании и ќе имаат негативни последици врз транспортниот сектор и врз челичната индустрија.

Николоски посочи дека Владата повеќе од една година води разговори со претставниците на Европската комисија со цел да се надмине овој, како што го оцени, сериозен проблем, но засега без конкретен резултат.

  • Последната средба ја имав во декември, во Брисел, со еврокомесарот за транспорт, Апостолос Цицикостас, и со генералната директорка за мобилност и транспорт, Магда Копцинска. Им укажав дека ваквите правила може да значат економска штета за целиот регион и затворање на бројни странски инвестиции, вклучително и од земји членки на ЕУ – изјави Николоски.

Тој нагласи дека формалното образложение на Европската комисија – дека правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена останува непроменето – не ја отсликува реалната состојба на терен.

  • Превозниците не се туристи, не одат за туризам, ниту се луѓе што одат на посета, туку се луѓе што работат. Тие не можат да извадат работни визи бидејќи немаат работодавец во конкретната земја членка на ЕУ, а најчесто проблем е тоа што само транзитираат – истакна вицепремиерот.

Николоски додаде дека Владата континуирано одржува средби со стопанските комори, транспортните асоцијации и со странските инвеститори, со цел заеднички да се изнајдат решенија и да се изврши притисок за промена или одложување на новите правила. Во таа насока, Министерството за надворешни работи веќе е задолжено официјално да се обрати до Европската Унија. Тој предупреди и за дополнителни проблеми, како што се каргосертификатите и квотите за извоз на челик, оценувајќи дека Западен Балкан не смее да се третира како „трета земја“.

  • Не може извозот на челик од регионот да се става во иста квота со Кина. Со вакви политики, челичната индустрија може целосно да колабира. „Фени“ се затвори со вакви линеарни политики на ЕУ, можеме да заклучиме само што ќе се случува со големите производители на челик од земјава – рече Николоски, потсетувајќи на веќе затворените капацитети и на потенцијалниот ризик за големите производители во земјава.

Вицепремиерот најави дека Владата ќе продолжи интензивно да работи на надминување на предизвикот, со цел заштита и стабилизација на транспортниот сектор и на економијата, како во Македонија така и во целиот регион.

Европската комисија се огласи по најавите за блокада на граничните премини од страна на превозниците од Западен Балкан, поради воведувањето на новиот систем за влез и излез на Европската Унија. Протестот е најавен за 26 јануари, за кога возачите планираат блокирање на товарните гранични терминали кон земјите од Шенген-зоната.

Портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи, Маркус Ламерт, изјави дека ЕЕС не воведува нови правила за престој во Шенген-зоната, туку има цел подобро спроведување на веќе постојните прописи и систематско откривање на неправилностите.

  • Она што го прави ЕЕС е да обезбеди подобро спроведување на постојните правила – изјави Ламерт, отфрлајќи ги тврдењата на здруженијата на превозници дека новиот систем ќе ги остави професионалните возачи без работа.

Тој нагласи дека Европската комисија внимателно ја следи состојбата и е во постојан контакт со партнерите од Западен Балкан, потенцирајќи дека со воведувањето ЕЕС не се менуваат правилата за краток престој во Шенген-зоната. И покрај ваквото појаснување од Брисел, превозниците од Западен Балкан остануваат на ставот дека не е соодветен третманот на професионалните возачи и дека ограничувањето на престојот во Шенген-зоната сериозно ги отежнува нивните секојдневни работни активности, поради што протестите и блокадите за 26 јануари остануваат најавени.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел за Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција одошто ја има С.Македонија сега“!

„Добредојдовте во чекалната: Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

Најнови вести

To top