Македонија

Одбележан Светскиот ден на предвремено родените деца на Клиниката за детски болести(ВИДЕО)

Активноста имаше за цел да ја подигне свеста за предизвиците на предвремено родените бебиња

Со симболично пуштање виолетови балони, на Универзитетската клиника за детски болести денес беше одбележан Светскиот ден на предвремено родените деца, кој традиционално се одбележува секоја година  на 15 ноември.

Активноста беше организирана со цел да се подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат предвремено родените бебиња и нивните семејства, но и да се истакне значењето на современата неонатолошка грижа.

Виолетовата боја е симбол на чувствителноста, храброста и надежта, а пуштените балони претставуваат знак на поддршка и солидарност со најмалите херои и нивните семејства.

Од Клиниката порачуваат дека секое бебе заслужува шанса за живот, здрав почеток и сигурна иднина, повикувајќи на подобра грижа и еднакви можности за сите предвремено родени деца.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

To top