Македонија

Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно работи на исполнување на чекорите од реформската агенда во рамки на предвидениот грејс период, со очекување сите реформи да бидат целосно завршени до декември.

На состанок во Владата посветен на спроведувањето на Реформската агенда, како што информираше Мицкоски, вчера биле презентирани деталите за статусот на законите во неколку клучни ресори и се разговарало за тековните активности, постигнатиот напредок и следните чекори во реализацијата на предвидените реформи.

Мицкоски информираше дека сработени се четири клучни закони во рамките на Министерството за јавна администрација, кои во моментов се во фаза на техничко усогласување со Европската комисија.

„Очекувам дека на техничко ниво месец до крајот на месецот ќе се расчистат сите работи и ќе можеме да влеземе во парламент почетокот на декември, за до крај на декември поминат овие закони. Тоа е Законот за административни службеници или познатиот ЗАС, каде имаме една-две точки на коишто разговараме со Европската комисија. Потоа е Законот за вработени во јавна служба или јавен сектор, каде имаме една или две забелешки на коишто ќе работиме на техничко ниво оваа недела. Третиот е за високи раководни служби, и тука имаме една-две исто така забелешки“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по увид во градежни активности во селото Каменик над Батинци.

Во однос на новиот Закон за оружје, Мицкоски појасни дека тоа што ни се предлага од експертите од Сигма, според нашите експерти и професори по уставно право е неуставно, и оти вчера имале и таква дискусија, по што, како што најави, очекува и тој дел да се надмине.

Кривичниот законик (КЗ) и Законот за кривична постапка (ЗКП) Мицкоски потсети дека се веќе испратени во Брисел на разгледување и сугестии, посочувајќи дека соодветните табели ќе бидат доставени најдоцна до понеделник.

Во врска со законите за јавно обвинителство, Советот на јавни обвинители и Судскиот совет, главна точка, којашто Мицкоски рече е „камен на сопнување“, се буџетските проценти (0,8% од БДП за судскиот буџет и 0,5% од вкупниот буџет за јавното обвинителство), за што е пронајден компромис кој е претставен пред ЕК.

„Претходно имавме состанок со претседателите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители и разговаравме околу начинот на скалесто зголемување на буџетите. Дојдовме до еден компромис, тој го претставивме вчера на состанокот, очекуваме од Европската комисија да дадат и свое мислење поврзано со тој компромис којшто ние го имавме“, изјави Мицкоски.

Во однос на Законот за Академијата за судии и обвинители, Мицкоски, посочи дека исто така минува низ процедура за да се овозможи избор на нова генерација, а дополнително се расчистуваат прашањата околу финансирањето со европските партнери.

„ Тука беше проблем начинот на финансирање практично од страна на државата, бидејќи тие го спореа начинот на финансирање којшто доаѓа од судскиот буџет, а тоа е Академија за судии и обвинители. Дојдовме до заедничко решение како да го финансираме и останува уште да го расчистиме со Европската комисија. Тие бараат да биде извадена надвор од Министерството за правда, но претходно во еден друг чекор од реформската агенда којшто се однесува на Министерството за финансии и којшто веќе се смета за завршен и за којшто имаме веќе добиено средства, па инсистираат да бидат таму. Понеделник ќе го испратиме нашето образложение, очекуваме во текот на следната недела тоа да се расчисти. Така што и тој сет на закони од правда ќе бидат завршени“, појасни Мицкоски.

Во делот на дигиталната трансформација, според Мицкоски, се бележи стабилен напредок и затворање на предвидените чекори, додека Министерството за транспорт очекува мислења за пет закони кои носат мали измени во ИТС системот во железничкиот и патниот транспорт.

Во енергетскиот сектор, Мицкоски посочи, се очекува завршување на двата преостанати чекора во текот на ноември.

„Очекуваме сите овие реформи коишто се во грејс период до декември 20226 да бидат завршени. Во детали ги имаме разработени. И како што беше кажано од луѓето од Брисел, продолжуваме ние да бидеме вистинските фронт-раенери во целиот тој процес“, изјави Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

ЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во кај нас, бидејќи СДСМ нема повеќе политичка визија, ниту доверба кај граѓаните

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните, соопшти движњето.   Причина за преминот, според ЗНАМ, […]

Повикот на Виктор Берар до Хелените од 1904 да ја согледаат големината на Македонската идеја, а тие сега „слават 114 години од ослободувањето на Костур“! (1)

Со активности на највисоко државно рамниште, но и со други настани во поширокиот костурски регион во Егејска Македонија, денес во Грција, од 8 до 28 ноември 2026 година се „прославува 114-тата годишнина од ослободувањето“ на инаку македонскиот град Костур. Во Првата Балканска војна грчката војска влегува во него на 11 ноември 1912 година без никакви борби со турската војска. Всушност, дали сега се „слави ослободувањето“ на Костур не од Турците, туку од Македонците така што се бришат секакви какви траги од постоењето македонско население, македонски јазик и идентитет, македонска свест?! Александар Грличков токму на денешен ден, на 14 ноември 1961 година во улога како претседател на Извршниот совет на НР Македонија остро ја нападнал Атина дека нејзина „крајна цел е да ја избрише македонската национална самосвест кај Македонците во Грција“. Додека Грците и Бугарите упорно повеќе од еден век го негираат идентитетот и јазикот на македонскиот народ, Виктор Берар како дел од француската интелектуална елита во своето време уште пред 122 години јасно и гласно ќе им укаже ним дека постои не само македонски народ, туку и Македонска идеја! „Грците упорно го негираат постоењето на Македонската идеја, но би било подобро да ја согледаат нејзината големина и нејзините изгледи за иднината! Грците и Бугарите ќе изгубат премногу со будењето на македонското чувство!“ – напишал Берар (10.8.1864-13.11.1931) во својата прочуена студија „За Македонија“ („Pro Macedonia“) од 1904 година.

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула – од сега очекувам само раст и поинтензивен развој

Она што ме охрабрува е прометот во индустријата што е над 5,5 отсто поголем во споредба со третиот квартал минатата година. Тоа значи дека расте прометот во индустријата и дома и на меѓународниот пазар

Франција подготвена да внесе повеќе сигурност во евроинтеграцијата на Македонија

Има Договор и тој треба да биде имплементиран, ама легитимно е јасно да биде кажано дека потоа нема да има нови дополнувања, други чекори по патот, освен оние од нормалниот процес на реформи

To top