Македонија

Филмот „17“ е номиниран за „Европско откритие“, што го доделува ФИПРЕСЦИ на Европските филмски награди

Филмот „17“, дебитантско долгометражно остварување на режисерката Косара Митиќ, е номиниран за 39. Европски филмски награди во категоријата „Европско откритие – Награда ФИПРЕСЦИ“ (European Discovery – Prix FIPRESCI).

Ова е уште едно значајно меѓународно признание за филмот, кој по светската премиера на Берлинскиот филмски фестивал, наградите и успесите на фестивалите во Ерусалим и Сараево, како и неодамнешната скопска премиера во рамките на Скопје филм фестивал, продолжува да привлекува внимание кај меѓународната филмска критика и публика.

Категоријата „Европско откритие“, која се доделува во соработка со Меѓународната федерација на филмски критичари (ФИПРЕСЦИ), е посветена на новите и перспективни авторски гласови во европската кинематографија. Номинацијата претставува значајно признание за режисерката и целиот авторски тим, но и за македонската филмска продукција.

Во пресрет на доделувањето на наградите, филмот „17“ ќе биде претставен преку специјални кино-проекции и презентации пред членовите на Европската филмска академија во повеќе европски културни центри. Гласањето ќе се одржи од 14 декември 2026 до 7 јануари 2027 година, а победниците ќе бидат прогласени на свечената церемонија на 16 јануари 2027 година во Атина.

Со номинацијата за Европските филмски награди, како и со статусот на официјален македонски кандидат за наградата Оскар, „17“ продолжува да ја афирмира македонската кинематографија на меѓународната сцена.

Филмот е македонско-српско-словенечка копродукција, во продукција на „Црна мачка Продукција“ и Томи Салковски. Сценариото го потпишуваат Косара Митиќ и хрватскиот автор Огњен Свиличиќ, а копродуценти се „Арт&Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија.

Најнови вести од: Македонија

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82- годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина.

Околу 40 илјади граѓани во Македонија имаат дијабетес без поставена дијагноза

Околу 135 илјади граѓани во Македонија живеат со дијабетес, од кои 4.000 имаат дијабетес тип 1. Дополнително, се проценува дека речиси 40 илјади лица ја имаат болеста, но сè уште немаат поставена дијагноза.

Ширум Франција и денеска се одржуваат протести на младите и на Движењето Жолти елеци

Ширум Франција и денеска се одржуваат протести на младите и на Движењето Жолти елеци за поголеми плати, зголемување на средствата за образование, како и за поголема заштита на децата и адолесцентите. – За денеска низ цела Франција се очекуваат од 50 до 60 собири, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез. Тој додаде дека […]

Вештачката интелигенција ќе има задача да ги открива нерегуларностите во јавните набавки

Една од позначајните новини е задолжителното користење на критериумот „најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот“ кај јавните набавки со повисока вредност. Со ова институциите нема автоматски да се водат само од најниската цена, туку ќе треба да ги земат предвид и квалитетот и другите карактеристики на понудите. Предвидено е институциите што планираат повеќе од три […]

Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно работи на исполнување на чекорите од реформската агенда во рамки на предвидениот грејс период, со очекување сите реформи да бидат целосно завршени до декември.

ЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во кај нас, бидејќи СДСМ нема повеќе политичка визија, ниту доверба кај граѓаните

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните, соопшти движњето.   Причина за преминот, според ЗНАМ, […]

Повикот на Виктор Берар до Хелените од 1904 да ја согледаат големината на Македонската идеја, а тие сега „слават 114 години од ослободувањето на Костур“! (1)

Со активности на највисоко државно рамниште, но и со други настани во поширокиот костурски регион во Егејска Македонија, денес во Грција, од 8 до 28 ноември 2026 година се „прославува 114-тата годишнина од ослободувањето“ на инаку македонскиот град Костур. Во Првата Балканска војна грчката војска влегува во него на 11 ноември 1912 година без никакви борби со турската војска. Всушност, дали сега се „слави ослободувањето“ на Костур не од Турците, туку од Македонците така што се бришат секакви какви траги од постоењето македонско население, македонски јазик и идентитет, македонска свест?! Александар Грличков токму на денешен ден, на 14 ноември 1961 година во улога како претседател на Извршниот совет на НР Македонија остро ја нападнал Атина дека нејзина „крајна цел е да ја избрише македонската национална самосвест кај Македонците во Грција“. Додека Грците и Бугарите упорно повеќе од еден век го негираат идентитетот и јазикот на македонскиот народ, Виктор Берар како дел од француската интелектуална елита во своето време уште пред 122 години јасно и гласно ќе им укаже ним дека постои не само македонски народ, туку и Македонска идеја! „Грците упорно го негираат постоењето на Македонската идеја, но би било подобро да ја согледаат нејзината големина и нејзините изгледи за иднината! Грците и Бугарите ќе изгубат премногу со будењето на македонското чувство!“ – напишал Берар (10.8.1864-13.11.1931) во својата прочуена студија „За Македонија“ („Pro Macedonia“) од 1904 година.

To top