Бизнис

Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници

На двата аеродрома, скопскиот и охридскиот, годинава сме блиску до 4.000.000 патници

Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 патници до 2030 година, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Како што објави на својот фејсбул профил, на двата аеродрома, скопскиот и охридскиот, годинава сме блиску до 4.000.000 патници, што е значителен раст споредено со 2.400.000 патници во 2024 година.

-Јасно насочените политики кон поддршка кои ги води оваа Влада и новите конекции коишто ги отворивме допринесоа значително да се зголеми бројот на туристи, а со тоа ја подобруваме и локалната економија, наведува Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

Коњановски: Декарбонизација не значи деиндустријализација

Зелената транзиција мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем. Намалувањето на зависноста од јагленот треба да биде постепено, со обезбедено стабилно снабдување за индустријата и граѓаните

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

To top