Бизнис

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Предлог-буџетот за 2027 тежок 7,2 милијарди евра влезе во Собрание. За капитални инвестиции се планирани 663 милиони евра, за пензии околу 2 милијарди евра, за здравствена заштита 954 милиони евра, а за плати во јавниот сектор приближно 930 милиони евра. Буџетскиот дефицит е предвиден на 731 милион евра, односно 3,5% од БДП. Министерката за финансии рече дека буџетот е насочен кон стабилни јавни финансии, продолжување на фискалната консолидација и поддршка на економскиот раст.

  • Нашата определба останува јасна – постепена фискална консолидација, рационално и ефикасно трошење на јавните средства, подобра наплата на приходите и насочување на средствата кон развојни и продуктивни инвестиции – истакна министерката.

Во 2027 ќе се модернизира патната и железничката инфраструктура, меѓу кои Коридорите 8 и 10-д, ќе има повеќе пари за образованието, енергетиката и комуналните проекти, велат од владејачкото мнозинство.

За покривање на дефицитот и отплата на долговите, државата ќе се задолжува на домашниот и меѓународниот пазар. Пратениците од опозицијата го критикуваа буџетот за в година. На буџетските проекции реагираше пратеникот Фатмир Битиќи, кој ја отвори темата за јавниот долг и за начинот на кој Владата ги планира задолжувањата и отплатата на обврските.

  • Каматите не отвораат нови фабрики. Со овој буџет вие не плативте ниеден цент од јавниот долг, само рефинансирате. Оваа разлика покажува колку малку можности има – порача Битиќи.

Влада в година очекува економски раст од 3,8% и инфлација од 3,2%. Потоа и раст на бројот на вработени на 1,2%, како и зголемувањето на просечната нето-плата на 6,7%. За Предлог-буџетот за 2027 поднесени се над 300 амандмани.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

Најнови вести

To top