Охридската полиција поднесе кривична пријава против 31-годишниот К.К. од Охрид, кој е осомничен дека брутално ја претепал својата 26-годишна девојка. Нападот резултирал со тешки телесни повреди и губење на свеста кај жртвата, по што таа била хоспитализирана.
Според информациите од СВР Охрид, инцидентот се случил на 15 ноември, околу два часот по полноќ. Верската расправија започнала во домот на пријавениот, а потоа продолжила во неговиот автомобил, каде што тој физички ја нападнал девојката. Откако го запрел возилото, продолжил со ударите сè додека таа не изгубила свест и не паднала.
Повредената жена првично била згрижена во Општата болница во Охрид, а потоа пренесена во специјализираната болница „Св. Еразмо“, каде што лекарскиот тим ѝ констатирал тешки телесни повреди.
Осомничениот бил лишен од слобода набргу по нападот, во 05:05 часот, и бил задржан во полициска станица. По барање на Основното јавно обвинителство, Основниот суд во Охрид му одредил мерки на претпазливост.
Истиот ден, случајот добил нов развој. Мајката на пријавениот, 51-годишната Љ.К., пријавила во полиција дека таткото на повредената девојка, 49-годишниот Љ.Ѓ., преку мобилен телефон му се заканувал на нејзиниот син и на целото семејство.
Полициските службеници го лишиле од слобода и таткото на девојката во 13:20 часот во Охрид, задржувајќи го во полициска станица. Од СВР Охрид најавија дека против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.