Пецаков: Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид, ги повикувам надлежните институции да постапат
„Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид во текот на вчерашниот ден. Како личност и како градоначалник згрозен сум, Охрид е згрозен! “ – објави попладнево градоначалникот на Охрид на својот фејсбук-профил во врска со случајот на претепаната и тешко повредена девојка, која била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички нападната од нејзиното момче. По инцидентот, таа итно била пренесена во болница, каде што била задржана на лекување, а осомничениот е приведен. За случајот, полицијата го лиши од слобода 31-годишниот Х.К. од Охрид.
Натаму првиот човек на Охрид Пецаков истакнува на општествената мрежа: Вакви немили настани не се одлика на Охрид и не смеат да се случуваат во Охрид. Ги повикувам надлежните институции брзо, ефикасно и правично да постапат. Јавно се оградувам и стојам на страната на правдата и Законот. Насилство не е решение !
Сите насилни случаеви од овој карактер во изминатиов период ни укажуваат дека најитно ни е потребна промена во Законот за постапувањето и третирањето на насилниците на поинаков начин, порачува градоначалникот Пецаков.