Власта на Естонија се подготвува за функционирање под евентуална окупација од Русија, објавува „Политико“.
Естонските лидери развија план што ќе им овозможи на владините агенции да продолжат да работат од далечина во случај на воен конфликт и губење на контролата врз територијата на земјата.
Според планот, владините претставници ќе можат да ја напуштат Естонија и да управуваат со земјата преку интернет од странство.
Талин го разгледува овој систем како начин за зачувување на функционирањето на државните институции дури и во услови на можна окупација.