Свет

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

 

Сојузниците од НАТО денеска ќе разговараат за американската ревизија на бројноста на војниците во Европа со Елбриџ Колби, шефот за стратегија во Пентагон.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека очекува попрецизни детали во врска со можното повлекување во текот на следните неколку недели, пренесува Ројтерс.

Во прашање е шестмесечна ревизија иницирана во јуни од страна на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. Тогаш, Хегсет предупреди дека САД би можеле да задржат дел од своите придонеси за НАТО, доколку сојузниците кои не инвестираат доволно во одбраната не ги исполнат своите обврски.

Иако Хегсет експлицитно не наведе дека ревизијата би можела да доведе до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани во Европа, тој нагласи дека целта е да се поттикне поголем ангажман од европскиот континент, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

„Очекуваме промени во бројноста на војниците, но сè уште немаме ништо конкретно“, изјави Писториус пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел, на кој за време на работен ручек ќе присуствува и Колби.

Писториус додаде дека прилагодувања во распоредувањето на конвенционалните сили веројатно би се случиле под која било американска администрација, со оглед на зголемениот американски фокус на регионот на Индо-Пацификот.

Во Германија се стационирани приближно 35.000 американски војници – што претставува најголем контингент во Европа – а се очекува резултатите од ревизијата да бидат претставени пред Божиќ.

Европски воени извори проценуваат дека Вашингтон би можел да премести една бригада – околу 5.000 војници – од Германија во Азија или поблиску до источното крило на НАТО, во Полска.

Писториус истакна дека целта на разговорите со Вашингтон е да се координираат потезите за да се избегнат опасни празнини во европската одбрана, кои би можеле да настанат како резултат на американско повлекување.

Најнови вести од: Свет

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

Кремљ ја укинува забраната за ликвидација на Зеленски и военото раководство?

Претставници на безбедносните служби побарале дозвола за физичка елиминација на највисокото воено и политичко раководство на Украина, пишува „Московски комсомолец“, руски весник близок до властите

To top