Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новиот амбасадор на Саудиска Арабија во Македонија

Разговарано и за можноста македонските граѓани да добијат туристичка електронска виза или виза при пристигнување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од Н. Е. г. Турки бин Ибрахим Ал-Мади, новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија, со седиште во Тирана.

Во одлуката за отворање на прва резидентна амбасада во Ријад, таа препознава потврда на решеноста за продлабочување на меѓусебните односи, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката.

Сиљановска-Давкова гледа значителен потенцијал за економски развој во енергетиката, со акцент на обновливите извори на енергија, земјоделството, туризмот, инфраструктурата и технологијата.

,,Соговорниците ја истакнаа потребата од почести контакти меѓу бизнис-заедниците на двете држави.
Обајцата изразија подготвеност за стимулирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, како и за склучувањето билатерални договори во различни области”, стои во соопштението.

За Сиљановска-Давкова, саудискиот стратешки план „Визија 2030“ и македонското учество на „Експо 2030“ во Ријад, се чекор напред кон поширока и подлабока соработка.

За неа, исто така, можноста македонските граѓани да добијат туристичка електронска виза или виза при пристигнување во Саудиска Арабија ќе го зголеми интересот за посета на државата.

Претседателката се заблагодари за поддршката на Саудиска Арабија на македонската кандидатура во Економскиот и социјален совет на ОН за мандатот 2027–2029, со уверување за натамошна соработка на мултилатерален план.

Амвасадорот Ибрахим Ал-Мади на средбата искажал подготвеност за унапредување на севкупните меѓусебни односи, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

To top