Наместо да се најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка функционер на СДСМ на седница посветена на проблемите со над 1000 грла добиток јавно повика на Македонија да и се случат протести.
Денеска во оваа општина на барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ се случи вонредна седница на Советот на општината на која беше обелоденето дека градоначалникот Сашко Митовски сепак има законски ингеренции да се справи со кравјиот проблем.
Митовски на седницата најави дека веќе нема да биде политички коректен а неговиот партиски колега и претседавач со Советот посака немири во Македонија.
Во видео објавено на социјалната мрежа Х поранешен Твитер се слуша како претседателот на совет од СДСМ Миле Трајковски повикува на немири во Македонија кои ќе ги направат студентите.
После изнесениот акциски план во врска со проблемот со добитокот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на совет од СДСМ Миле Трајковски повикува на немири со зборовите дека сака да и се случат студенти на Македонија.
https://t.co/nG9q5kjqkz
— Вистината боли (@vistinaaa) November 21, 2026
Целата седница на ова видео