Македонија

И Стефан се нуди да усвои од кравите во Крива Паланка

Досега има понуди од граѓани за спас на 160 од слободните крави во Крива Паланка

Веќе четири лица се пријавија да прифатат и да чуваат дел од кравите кој прават хаос во Крива Паланка.

Последен е Стефан Стаменковски од кратовското село Куклица.

Стефан вели дека има се што е потребно за да прифати 50 крави. Тој веќе има фарма со крави и вели дека добредојдени се сите инспекции за да се види дека има добри услови за чување на добитокот.

,,Каде може да се поднесе барање во врска со кравите во Паланка? Се разбира, ние ќе ги покриеме потребните трошоци – транспортот и самото собирање, односно фаќање на животните, се наша одговорност. Располагаме и со камион и со персонал. Исто така, имаме штали кои целосно ги исполнуваат стандардите –
инспекции се добредојдени во секое време. Имаме капацитет и соодветни услови за 50 крави, како и доволно храна. Ние сме од село Куклица, близу Кратово; веќе одгледуваме крави и водиме фарма”, пишува Стефан во пораката до expres.mk.

Со понудата од Стефан засега има 4 јавни понуди од граѓани со можност вкупно 160 крави да добијат нов дом.

До вчера три македонски граѓани се понудија да згрижат дел од стадото слободни крави кои ја ,,тероризираат” Крива Паланка

Трета понуда: Кумановец со иницијали Р.С. се нуди да усвои 30 крави од Крива Паланка

Најнови вести од: Македонија

To top