Облачно со врнежи од дожд, кои поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег., предвидуаат метеоролозите за денеска.
Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 km/h, претпладне од западен, а попладне од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.