Македонија

Мицкоски за правосудниот испит: Се чека мислење од Венецијанската комисија, кое е задолжително за преговорите со ЕУ! – Никој не барал решение 20 години!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања во врска со полагањето на правосудниот испит истакна дека се чека мислењето од Венецијанската комисија бидејќи врз основа на тоа мислење треба понатаму да се постапува затоа што мислењето на комисијата треба да се почитува согласно преговарачкиот процес за ЕУ, воедно изрази жалење што никој во изминатите 20 години претходно не сакал да најде решение за ова прашање.

„Она кое што е доставено до Венецијанска комисија е материјал во форма на закон за кој бараме мислење и чекаме Венецијанската комисија да даде мислење. Откако тоа мислење ќе биде готово, тогаш ќе носиме одлука што понатаму, но прво да го сочекаме мислењето на Венецијанската комисија, затоа што не знаеме дали ќе се најде законот во Собрание ако мислењето е негативно. Тогаш ќе треба и вие да го прифатите“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Скендер Реџепи.

Премиерот Мицкоски додаде пак дека доколку пак мислењето на Венецијанска комисија е позитивно врз основа на предлогот, тогаш ќе треба да го прифатат сите вклучително и пратеникот Скендер Реџепи, бидејќи не сака да верува дека современ пратеник не сака да почитува мислење на Венецијанска комисија која е дел од преговарачкиот процес и критериумите кои се дел од француската методологија од 2019 година.

„Да почекаме што ќе биде мислењето и потоа да носиме одлуки што ќе биде понатаму Досега процесот се водеше многу транспарентно, јас жалам што повеќе од 20 години во кои имало разни министри од различна етничка припадност, од различна политичка припадност не успеале да го поместат ова прашање, па дури и откако е донесен Законот за употреба на јазиците. Но еве сега дојде време за да разгледуваме некое решение, но за да дојде пред пратениците и истото го браниме заедно со министерот за правда ние ќе треба да го почекаме најпрвин мислењето од Венецијанска комисија“, нагласи премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Ангеловски за договорите со Грција и Бугарија: Историјата до средниот век им ја продадоа на Атина, а од средниот век на официјална Софија

Историјата им ја продадоја на официјална Атина. Таа историја до средниот век и ја продадоа на официјална Атина, а средниот век на официјална Софија, изјави синоќа во своето гостување во емисијата за „Македонските работи“ на Алфа телевизија претседателот на МААК Страшо Ангеловски.

Брисел и Кос упорно бараат идентитетско „масакрирање“ на Уставот и бугаризирање на Македонија и Македонците во име на „темелните европски вредности“! (2)

ЕУ наведува во својата „Бриселска декларација“ од вчерашниот Самит ЕУ – Западен Балкан дека „ревизионизмот е спротивен на најтемелните европски вредности“. Меѓутоа, од друга страна ЕУ не само што „замижува“ кон агресивниот бугарски ревизионизам на македонската автентична историја, туку и сесрдно го поддржува. Тешко европско противречие на ЕУ сама на себе: со празни зборови вели дека „ревизионизмот е спротивен на најтемелните европски вредности“, а од друга страна бара Македонија и нејзината влада да се согласат со злогласниот „Француски предлог“ и великобугарските врховистички ултиматуми на официјална Софија Македонците „да прифатат и да признаат дека бугарски корени имаат и тие како народ и нивната историја и нивниот јазик“! За Румен Радев, Илијана Јотова и другите од бугарската политичка елита ова е „европска вредност“, која Македонија и Македонците мора беспоговорно да ја прифатат. Македонците ќе ја прифатат на „Свети Никогаш“! Но кога, пак, бугарските политичари ќе прифатат и ќе признаат дека  Бугарите дека се словенизиран и македонизиран народ, денес секако со свој различен бугарски идентитет, кој во минатите векови го презел македонскиот јазик и денес го говори него?! А што е апсолутна вистина, со аргументи потврдена од врвни европски и светски експерти! 

Најнови вести

To top