Македонија

Филипче сака повторно се истражи случајот со модуларната болница во Тетово

Како одговор на прашањето дали, гледајќи од денешна перспектива, смета дека тогашниот премиер Зоран Заев требало да ја прифати неговата оставка по трагедијата

 

Лидерот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, во гостување на 4ТВ изјави дека е отворен за повторна истрага на случајот со модуларната болница.

Тој ова го поврза со предлогот на неговата партија за антикорупциска легислатива и соработка со Европското јавно обвинителство.

„Нека повторно се истражи случајот со модуларната болница, во соработка со Европското јавно обвинителство“, рече Филипче, додавајќи дека е уверен во начинот на кој ја вршел својата работа и ги носел одлуките.

Неговата изјава дојде како одговор на прашањето дали, гледајќи од денешна перспектива, смета дека тогашниот премиер Зоран Заев требало да ја прифати неговата оставка по трагедијата.

Најнови вести од: Македонија

To top