Британското Министерство за одбрана им порача на воените резервисти да се подготват за евентуален повик за војна, пренесува британскиот весник *The Telegraph*.
Според весникот, за првпат по Студената војна, испратени се писма до приближно 100.000 стратешки резервисти, со понуда доброволно да учествуваат во обуки и воени вежби – како што е големата вежба на НАТО „Непоколеблив бранител“, закажана за следната пролет.
Писмата се испратени до припадници на сите три гранки на вооружените сили и се потпишани од нивните соодветни команданти. Од резервистите, исто така, се бара да ги ажурираат своите податоци за контакт и да наведат детали за нивната моментална професија и вештините што ги поседуваат.
Овој потег доаѓа во време на зголемени закани од Русија, додека Владимир Путин ја тестира решеноста на НАТО.
Министерот за одбрана, Вес Стритинг, претходно предупреди дека Британија мора да биде подготвена за војна во рок од илјада дена и дека, заедно со своите партнери, мора „да биде подготвена да се бори и да победи“.
Во изјава за Sky News во четвртокот наутро, Стритинг наведе дека Британија дејствува во „опкружување со зголемени закани“ и дека контактирањето на резервистите претставува „разумна и неопходна мерка на претпазливост“бидејќи британската армија е најмала уште од времето на
Воен извор објасни дека писмата биле испратени со цел да се подобрат евиденциите за поранешниот воен персонал. „Тоа што некогаш сте управувале тенк во војската, не значи дека вашите сегашни цивилни вештини не се сосема поинакви – а можеби дури и покорисни за одбраната“, истакна изворот.
Тој додаде дека, иако никој не сугерира оти резервниот состав наскоро ќе биде ненадејно мобилизиран, сепак би било „лудо да не се поседува база на податоци и директен пристап до овие поединци“. „Ако некогаш затребаат, многу од нивните вештини можеби ќе бидат малку ’заборавени‘ (неувежбани). Првиот чекор е да се утврди кои се тие луѓе, каде се наоѓаат и какви вештини поседуваат“, рече тој.
Поранешниот началник на армијата повика целата нација да се подготви за војна со Русија
*„Телеграф“* претходно откри дека лорд Сандерс, за време на својот мандат како началник на Генералштабот, ја предупредил владата оти во случај на војна со Русија, би било неопходно да се „мобилизира целата нација“, бидејќи британската армија е премала.