Свет

Во училиште без бурка и никаб

Забраната за покривање на лицето важи за сите лица во сите делови на училиштето, а не само во училниците. За прекршување на оваа одредба се предвидени парични казни во износ до 1.000 евра

Во Италија стапи на сила закон со кој се забранува носење облека што го покрива лицето – како што се бурка или никаб – во училиштата, откако во четвртокот доби конечно одобрување од италијанскиот парламент.

Претставничкиот дом во Рим го усвои новиот закон, предложен од владата на Џорџа Мелони, со 142 гласа „за“ и 112 „против“. Горниот дом, Сенатот, претходно веќе го имаше одобрено законот за образование.

Мелони, која владее со поддршка на коалиција од три десничарски, конзервативни партии, ја најави забраната за покривање на лицето веднаш по летниот распуст. Владата првично ја воведе оваа мерка преку уредба, која сега е заменета со овој закон.

Почнувајќи од учебната 2027/2028 година, се воведува ограничување за бројот на ученици во првата година од основното и средното образование: најмногу 30 отсто од учениците во еден клас може да бидат странски деца кои немаат доволно познавање на италијанскиот јазик.

Оваа квота се однесува на деца кои немаат италијанско државјанство, не се родени во Италија и не посетувале италијанска градинка најмалку две години. За средните училишта, учениците мора да докажат дека посетувале италијанско училиште најмалку три години за да бидат изземени од оваа квота. Од родителите, исто така, ќе се бара да го научат италијанскиот јазик.

Мелони (49) е на власт веќе четири години – подолго од кој било друг италијански премиер по Втората светска војна. Таа дојде на власт ветувајќи цврст став кон мигрантите.

Следната година ќе се одржат општи избори, а според анкетите, Мелони и нејзината партија, „Браќа на Италија“, моментално се во водство.

Забраната за покривање на лицето важи за сите лица во сите делови на училиштето, а не само во училниците. За прекршување на оваа одредба се предвидени парични казни во износ до 1.000 евра. Забраната не се однесува на шамии што го оставаат лицето непокриено, како што е хиџабот.

Најнови вести од: Свет

Порака до 100.000 британски ветерани:  „Подгответе се за војна“

Министерот за одбрана, Вес Стритинг, претходно предупреди дека Британија мора да биде подготвена за војна во рок од илјада дена и дека, заедно со своите партнери, мора „да биде подготвена да се бори и да победи“

Трамп најави нови царини за ЕУ плус 13 земји

Предложените царински стапки вклучуваат: Кина – 20% (со можност да се зголемат до 40%); Виетнам – до 35%; Индија – до 25%; Тајван – до 25%; Јужна Кореја – до 25%; Индонезија – до 25%; Малезија – до 25%; Тајланд – до 25%; Камбоџа – до 25%; и Европската Унија – до 20%.

To top