Обвинетиот не се појави во Основниот суд во Охрид, неговите родители беа присутни. Адвокатот на оштетената, Ѓоко Шаин, изјави дека процесот не почнал поради барање на одбраната за изземање на јавниот обвинител задолжен за предметот, како и на сите јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Охрид. Одбраната побарала изземање и на судијката Александра Поп Стефанија и судијата Милчо Клишески, како и на претседателот на Основниот суд во Охрид, Бојан Мартиноски.
Шаин информираше дека барањата за изземање на судијката Поп Стефанија и судијата Клишески биле одбиени, додека за барањето за изземање на претседателот на Основниот суд во Охрид треба да се произнесе Апелацискиот суд во Битола. Барањето за изземање на јавниот обвинител и обвинителите од ОЈО Охрид, според образложението изнесено на рочиштето, било доставено до охридското обвинителство непосредно пред почетокот на расправата. До произнесувањето на повисокиот јавен обвинител, ниту еден од обвинителите од ОЈО Охрид не може да постапува по предметот.
Шаин оцени дека барањата на одбраната имаат цел да ја одолговлекуваат постапката и да се избегне одговорноста на обвинетиот. „Оштетената Сара не ја прашаа дали може да биде присутна, ние инсистиравме да биде, бидејќи правда мора да има. Нас ни кажаа дека обвинетиот е во притворското одделение, но не го видов – посочи адвокатот Ѓоко Шајн.
На рочиштето присуствуваше еден од двајцата најавени сведоци. За отсуството на другиот беше приложена медицинска потврда.