Од 8:15 часот утрово на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во близина на бензинска пумпа кај селото Скачковце, целосно е блокиран патот за сите видови моторни возила поради претходно пријавена сообраќајна незгода на товарно моторно возило излетано од патот, информира Автомото сојузот на Македонија.
Од обилните снежни наноси и лизгавиот коловоз камионот се излизгал и го попречил одвивањето на сообраќајот.