Македонија

Љупчо Путерот ги нападна земјоделските политики на владата, доби 10 незгодни одговори

Се водел од бизнис интересот на Заевци и неколку фирми блиски до него

Поранешниот министер за земјоделство и пратеник од СДСМ, Љупчо Николовски, ги осуди погрешните политики на актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кои според него ја загрозуваат иднината на земјоделците и земјоделството во Македонија.

 

Според Николовски, земјоделците се соочуваат со сериозни проблеми, од зголемени субвенции за големите компании до намалување на клучните програми за малите производители.

 

Во одговорот што го доби од министерот за земјоделие Цветан Трипуновски има десет точки на кои Николовски познат како Путерот засега нема контра одговор.

 

,,Се јави Путерот, но веројатно со жешкото време се растопил, па замириса на мувла и криминал, кој го крие.

 

Слушај вака Љупчо, ти прво треба да им дадеш одговори на органите на прогонот за сите коруптивни договори кои ги имаш направено, а истрагите за кои ти се заглавени кај главниот обвинител Коцевски. Па за тоа го браневте во Собрание, да ве спасува”, пишува Трипуновски кои дава 10 одговори на обвинувањата за земјоделците:

 

1. Исплатени се сите заостанати субвенции, кои не ги исплаќавте со години.

 

2. Земјата се распределува кај вистинските земјоделци, а не кај партиските пајташи на СДС кои потоа ја даваа во подзакуп на напатениот земјоделец и печалеа на негов грб.

 

3. Земјоделците имаат пристап до сите програми, но нема ликови од СДС кои од тоа ќаруваа.

 

4. Решен е откупот на сите култури, нема земјоделски производи кои скапуваат на нива како што беше пример во време на СДС.

 

5. Откупните цени се на историски максимум, и тука нема да пишувам фермани, зошто земјоделците знаат, а ти кој не си работел земјоделие никогаш немаш поимање.

 

6. Се инвестира во системи за наводнување.

 

7. Земјоделците имаат партнер во МЗШВ.

 

8. Имаме зголемување на производството на скоро сите земјоделски култури.

 

9. Имаме зголемување на извозот и девизниот прилив од продажба и извоз на земјоделски производу и преработки.

 

10. Земјоделците имаат предвидливост во земјоделските политики и можат слободно да планираат имвестиции на среден и долг рок”.

Трипуновски вели дека Николовски не може да ги разбере неговите аргументи затоа што нема искуство со земјоделие.

,,А да… ти ова неможеш да го разбереш, зошто ниту си соодветно образован и никогаш не си работел земјоделство, а додека го водеше министерството, се водеше од бизнис интересот на Заевци и неколку фирми блиски до тебе”, пишува Трипуновски.

 

Николовски обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ води лоши политики во земјоделието.

„ДПМНЕ ги зголеми субвенциите за големите фирми од 300.000 на 1 милион евра, но истовремено ги укина програмите за малите земјоделци, кои се сржта на земјоделската индустрија“, рече Николовски.

 

Тој додаде дека во исто време, беше укината и авансната предвремена исплата на субвенциите од 30%, која беше воведена од СДСМ и беше пресудна за поддршка на земјоделците во тешките години.

 

„Укинувањето на авансната исплата ги остави земјоделците во финансиска неизвесност“, смета Николовски.

Дополнително, Николовски посочи дека под ДПМНЕ се намалува и буџетот за руралниот развој, кој беше 1,3 милијарди денари во 2023 година, но сега е преполовен на 650 милиони денари за 2025 година. „Овие намалувања директно ја загрозуваат иднината на руралните региони и ги погодуваат земјоделците кои зависат од оваа поддршка“, пишува Николовски.

Николовски го истакна и проблемот со рекордно ниските откупни цени на оризот и пченицата, што ги оптоварува земјоделците. „ДПМНЕ не успеа да обезбеди фер откупни цени за земјоделците“, пишува Николовски, додавајќи дека исто така министерството за земјоделство под водство на ДПМНЕ не го почитува Законот за вино, кој ја гарантираше откупната цена на грозјето. „Лозарите се оставени без правото на фер откупна цена“, истакна Николовски.

„Доколку го погледнеме вкупниот резултат на земјоделскиот сектор под ДПМНЕ, ќе видиме крахирање на ИПАРД програмата, која во времето на СДСМ беше лидер во регионот, а сега се наоѓа на колена“, изјави Николовски. Тој ја осуди и политиката на ДПМНЕ да ги манипулира земјоделците со лаги околу исплатата на долговите, при што, како што истакна, „вистината е дека СДСМ остави најчиста состојба во Платежната агенција“.

„Земјоделците заслужуваат вистинска поддршка, а не манипулации и политички игри“, рече Николовски и додаде дека СДСМ останува посветен на земјоделците и дека во претходниот период беа реализирани бројни позитивни мерки за нив. „Беа воведени значителни субвенции, како што е субвенцијата за тутун и за засадена површина, како и мерки за зелена нафта, кои беа користени од голем број земјоделци“, изјави Николовски.

Најнови вести од: Македонија

Зошто е реобјавено писанието на Зејнели со екстремните навреди дека „не постои македонски народ“ и „славомакедонските ултрационалисти создаваат вештачка нација“?!

Писание од екстремни негаторски позиции, што го оспорува и постоењето на Македонија како држава: „Македонските националисти треба да знаат дека Македонија претставува однос на албанско-македонските сили. Не постои Македонија надвор од овој однос!“.

Влоѓимјеж Пјанка, остриот критичар на бугарските негирања на македонскиот јазик: Во нив нема никаква логика!

Дали би било можно дел од главните амфитеатри во Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, или во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ да бидат именувани „Влоѓимјеж Пјанка“ и „Хорас Лант“, според овие големи светски македонисти и пријатели на Македонија? Дали би било изводливо за Град Скопје и Општина Центар да постават во централното градско јадро спомен-обележје за нив, но и да се именува по една улица со нивното име?

Хорас Лант, еден од водечките светски македонисти и автор на македонска граматика, ја „бетонира“ вистината за самобитноста на македонскиот јазик

Денешното навршување на 15-та годишнина од смртта на Хорас Лант е соодветна пригода за осврнување кон неговото македонистичко дело, кое е од исклучително значење за македонскиот народ. Уште пред седум децении Лант целосно ги поби сите негаторски тези дека македонскиот јазик некој по своја „милост“ го измислил во 1944/1945 година, како што „трубат“ Бугарите денес низ Европа.

Најнови вести

To top