Македонија

Лефков: Не се проблем одморот и јахтата туку лицемерието на Филипче

Венко Филипче треба да одговори чија е јахтата на која плови тој и Заев, дали е негова, на неговиот поранешен шеф или на фирми поврзани со нив?

Не е проблем што Венко Филипче отишол на одмор. Секој човек тоа го заслужува. Не е ни проблем локацијата каде се наоѓа одморот.

Проблемот е лицемерието кое го шират и друштвото во кое се наоѓа Венко Филипче.

Додека на Бихачка штанцаат соопштенија за тоа колку лошо се живее во државата, гледаме како Филипче одлично живее, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Венко Филипче и СДС имаат лажно душегрижништво за правата на работниците, велат дека има ниска минимална плата и притоа велат дека знаат како му е на народот, го гледаме Венко Филипче во друштво на Зоран Заев на јахта во Грција.

Проблемот е што криминалниот тандем Заев и Филипче уживаат во Грција на скапи јахти.со украдени пари од народот.

Венко Филипче треба да одговори чија е јахтата на која плови тој и Заев, дали е негова, на неговиот поранешен шеф или на фирми поврзани со нив?

Доколку јахтата е на него или на Заев колку чини истата и на кој начин е купена?

Почитувани,

Со ова Венко Филипче докажува дека е само привезок на Зоран Заев.

Кога на Зоран Заев му требаше жртва за корона кризата тука беше Венко Филипче. Кога му требаше некој да му ја грее претседателската фотелја во СДС тука беше Венко Филипче. Сега кога му треба друштво на Заев за одмор тука е Венко Филипче.

Чалам, луксуз, скапи јахти, коли, мотори и ресторани. Ниту ги интересираат граѓаните кои поради нив живееја со 150 денари на ден, ниту пак знаеја како да им ги решат проблемите. Тие знаат само за тендери и провизии.

И на власт и во опозиција со украдените пари, уживаат во октоподи, лигњи, тропски плодови, за нив ништо се нема сменето, бидејќи се заштитени од ЈО Коцевски кој ги брани со своето останување на позицијата јавен обвинител.

Заев и Филипче мора да бидат историја, а секако, и да одговараат“, изјави претеникот.

Филипче и неговиот ментор Заев си ги ладат на јахта на Халкидики, а членови и ботови нека критикуваат „режим“, ветувајќи „победи“!

Најнови вести од: Македонија

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес – трагедија, од која никна „Градот на солидарноста“

Денес се навршуваат 63 години од катастрофалниот скопски земјотрес, трагедија што засекогаш остана запишана во колективното помнење на скопјани и сиот македонски народ. Во 5 часот и 17 минути, додека поголемиот дел од скопјани сè уште спиеле, силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала (9 степени според Меркалиевата скала) го погодил градот. Потресот траел само дваесетина секунди, но тие неколку мигови биле доволни за да однесат илјадници животи, да урнат цели населби и засекогаш да го променат изгледот на Скопје.

Најнови вести

To top