Свет

Вјоса Османи добива смртни закани

Претседателката на Косово – Вјоса Османи доби смртни закани, изјави нејзиниот советник за медиуми – Беким Купина според кој „овонеделната закана е продолжение на постојаните закани по животот на претседателката Османи“. Купина ги критикуваше правосудните органи за нивното „непостапување“ во овие случаи. „И покрај десетици закани – повеќето од нив по живот – со години […]

Претседателката на Косово – Вјоса Османи доби смртни закани, изјави нејзиниот советник за медиуми – Беким Купина според кој „овонеделната закана е продолжение на постојаните закани по животот на претседателката Османи“.

Купина ги критикуваше правосудните органи за нивното „непостапување“ во овие случаи.

„И покрај десетици закани – повеќето од нив по живот – со години не е преземена никаква акција против сторителите“, рече тој.

Купина рече дека „во најголем број случаи“ се упатуваат закани со „име, презиме и препознатливи профили“, но не соопшти повеќе детали за заканите и сторителите.

„Некои закани беа упатени дури и во телевизиски емисии, но и тогаш немаше акција за да се повикаат на одговорност креаторите на заканите“, нагласи тој.

Според него, случајот „последователни закани по животот на претседателката и нејзиното семејство е единствениот во историјата на институциите, како што рекоа од безбедносните институции, во кој никој од креаторите на заканите не излегол пред лицето на правдата“.

„Оваа опасна клима ги охрабрува другите да го следат истиот модел: поттикнување на насилство, повици за физичка елиминација и целосно непочитување на уставниот поредок“, додаде тој.

Најнови вести од: Свет

Израел предупредува: Ризик од нови напади по масакрот во Сиднеј

Израелскиот Национален совет за безбедност – НСЦ синоќа издаде ново предупредување барајќи од Израелците во странство да бидат повнимателни по нападот за време на прославите на Ханука во Сиднеј, во кој загинаа најмалку 16 лица, јави Си-Ен-Ен

Зеленски нуди компромис: Се откажуваме од членство во НАТО!

Украина се откажа од својата амбиција да се приклучи на воениот сојуз на НАТО во замена за западни безбедносни гаранции како компромис за завршување на војната со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски пред разговорите со американските претставници во Берлин. Овој потег означува голема промена за Украина, која се бореше да се приклучи на НАТО како […]

To top