Македонија

Царината откри злоупотреби при увоз на половни автомобили, имало измамници и на плацевите

Засилени контроли на граничните премини и сузбиени мрежи кои нелегално увезувале половни автомобили и месо. Царинската управа за неполни пет месеци годинава поднела 85 кривични пријави односно онолку колку што биле поднесени од 2020 до 2022 година. Според директорот на Царина, постигнати се рекордни резултати, а се дејствува на повеќе фронтови. Од царина велат продолжуваат […]

Засилени контроли на граничните премини и сузбиени мрежи кои нелегално увезувале половни автомобили и месо. Царинската управа за неполни пет месеци годинава поднела 85 кривични пријави односно онолку колку што биле поднесени од 2020 до 2022 година. Според директорот на Царина, постигнати се рекордни резултати, а се дејствува на повеќе фронтови.

Од царина велат продолжуваат со работа, бидејќи се сомневаат дека вакви криминални активности со истите шпедитори има и во други случаи. Николовски вели од почетокот на годината досега бележат раст од 17 % на наплата на данок на моторни возила.

Увозник на половни автомобили, во периодот од 2022 година до јули 2024 година, со помош на царински застапник увезол во земјава 34 возила и со приложување лажни податоци успеал да не плати увозни царински давачки 26.000 евра. Вкупната вредност на возилата изнесува 145.251 евро, а при царинењето увозникот, со амин од царинскиот застапник, ги декларирал возилата како моторни возила за превоз на стоки за да го избегне плаќањето данок како за автомобил. Но, случајот бил откриен од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа и затаените давачки од 20 илјади евра се наплатени, за давачките за овој случај дополнително се наплатени 1,6 милиони денари, а за царинската измама е поднесена кривична пријава против две правни и две физички лица до скопското Јавно обвинителство.

Ова е само една од неколкуте измами за плаќање помали давачки кон државата, при увоз на стари автомобили, а во кои биле инволвирани царински службеници, полицајци, шпедитерски куќи и нотари, а за кои вчера обелодени директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

  • Се дејствува на повеќе фронтови за целосно спречување на долгогодишниот криминал со употребувани возила, на злоупотребите и измамите со увоз на храна чија цел била избегнување на плаќањето давачки, со што е нанесена директна штета на буџетот на државата. Решени сме да се справиме со криминалните банди и да ги наплатиме сите давачки кон државата. Годинава, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и до Основното јавно обвинителство, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе 41 кривична пријава против 32 правни и 118 физички лица за сторени кривични дела со 140 возила, при што директната штета нанесена на буџетот со избегнување на плаќањето давачки изнесува 239 илјади евра – рече Николовски.

Тој посочи на уште една организирана група што со користење фалсификувана документација и лажни исправи сакала да прошверцува половно возило „мерцедес Е 350“ и да не се платат давачките од 450 илјади денари (7.300 евра). Николовски рече дека се инволвирани две шпедиции во случајот – од Скопје и друга лоцирана на граничниот премин Блаце, потоа нотар, тројца царински службеници и еден полицаец. „Мерцедесот“ е запленет, а против девет лица се поднесени кривични пријави. Николовски истакна дека се извршени повеќе криминални дејства во овој случај.

  • Прво е фалсификува исправа, употребена е со невистинита содржина и злоупотреба на службената должност и овластување. Затоа ги зајакнуваме капацитетите и внатре и на граничните премини – и на оние најфреквентните и на оние со најмал сообраќај, при што ги спречуваме обидите за шверцување – истакна Николовски.

Тој посочи дека и на граничниот премин Пелинце, каде што со години немало записник за сторено кривично дело, бил спречен обид за шверц на злато и на сребро вредни 39.000 евра.

Најнови вести од: Македонија

АД МЕПСО: Го прифаќаме извештајот на ДЗР и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите слабости

Од АД МЕПСО соопштија дека ги прифаќаат наодите од Државниот завод за ревизија и веќе преземаат мерки за отстранување на утврдените слабости. Според МЕПСО, голем дел од забелешките се однесуваат на процеси, договори, инвестиции и имотно-правни прашања што се наталожувале со години, а дел од нив датираат уште од основањето на компанијата во 2004 година.

Државната ревизија откри сериозни слабости во работењето на енергетскиот преносен оператор АД МЕПСО

Сериозни системски слабости откри Државниот завод за ревизија во работењето на АД МЕПСО во 2024 година. Податоците од ревизорскиот извештај покажуваат дека се утврдени недоследности во сопственоста на далноводите, потоа откриени се неругуларности при вработувања, а за дел од потрошените пари по основ на инвестиции на државната компанија недостасувала соодветна документација.

Мицкоски: Очекувам да бидеме прворангирани на јунското „мерење“ за почеток на преговори во ЕУ!

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски смета дека во дадениот рок ќе бидат донесени сите реформски закони, со што Република Македонија ќе биде прворангирана на јунското „мерење“ за почеток на преговори во ЕУ и со официјална одлука на почетокот на јули ќе бидат ослободени уште пари за македонската држава.

Мицкоски ја извести македонската јавност за тежок европски скандал: Соседна земја, членка на ЕУ, лобира за да не добие Македонија пари од ЕУ!

„Соседна држава на Македонија шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови како ЕУ, затоа што ако и помага, Македонија ќе напредува, а во спротивно, ако нема ЕУ фондови за Македонија, тогаш ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморана да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа коешто се бара од нив“, соопшти премиерот Христијан Мицкоски, без да открие која соседна држава ја шири оваа теза, а е членка на ЕУ.

Трибината „Перименопауза и менопауза без митови – што се случува и како да си помогнеме“

Иницијатива на ЗПГА за информирање за најновите сознанија за перименопаузата и менопаузата, хормоналните промени и нивното влијание врз физичкото и менталното здравје кај жените

Најнови вести

To top