Македонија

Бујаре Абази избрана за нова претседателка на Комисијата за хартии од вредност

Уште една важна политичка фигура се дистанцира од блискиот круг на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Поранешната потпретседателка на партијата, Бујаре Абази, беше избрана за нова претседателка на Комисијата за хартии од вредност. Именувањето беше изгласано во Собранието со 59 гласа „за“, а Абази во својата прва изјава по назначувањето изрази благодарност до […]

Уште една важна политичка фигура се дистанцира од блискиот круг на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Поранешната потпретседателка на партијата, Бујаре Абази, беше избрана за нова претседателка на Комисијата за хартии од вредност.

Именувањето беше изгласано во Собранието со 59 гласа „за“, а Абази во својата прва изјава по назначувањето изрази благодарност до повеќе претставници на актуелната власт – меѓу кои Арбен Фетаи и Азир Алиу – без да го спомене Таравари.

Овој потег, како и нејзиното јавно дистанцирање од тековното раководство на АА, се толкува како потврда за нејзиниот избор на нов политички правец. Именувањето на Абази се случува во период кога Алијансата за Албанците се соочува со внатрешни несогласувања и кадровски турбуленции.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top