Свет

„Њујорк тајмс“: Трамп им предложил на европските лидери цел Донбас да ѝ се отстапи на Русија

За возврат, ќе има прекин на огнот по сегашните фронтовски линии и безбедносни гаранции за Украина и за Европа

По средбата со својот руски колега Владимир Путин во Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп им понуди на европските лидери мировен план што подразбира отстапување на цел Донбас на Русија, вклучувајќи ги и областите што сè уште не се ослободени од руските трупи.

Ова го објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на европски претставници, според кои Трамп верува дека мировен договор може брзо да се постигне ако украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи да го предаде остатокот од Донбас на Русија.

За возврат, се тврди, ќе има прекин на огнот по сегашните фронтовски линии и ќе бидат воспоставени безбедносни гаранции – и за Киев, и за Европа.

Весникот, исто така, пишува дека Киев не разбира зошто американскиот претседател одеднаш се откажал од сопствените намери да бара прекин на огнот во Украина и го прифатил предлогот на Путин веднаш да склучи целосен мировен договор.

„Киев не разбира зошто Трамп одеднаш се откажа од барањето за прекин на огнот пред разговорите и нема јасна претстава какви безбедносни гаранции можат да обезбедат партнерите на НАТО (за Украина)“, напиша весникот, цитиран од УНИАН.

Според изворот, за време на средбата со Трамп, која веројатно ќе се одржи в понеделник, Зеленски „ќе побара појаснување“ за новиот предлог што Трамп го даде по средбата со Путин.

 

Најнови вести од: Свет

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

НАТО го претвора Готланд во тврдина против Русија

НАТО интензивно работи на зајакнување на одбраната на шведскиот остров Готланд во Балтичкото Море, кој се смета за една од најважните и најранливи стратешки точки на Алијансата во однос на Русија, објави „Политико“.

To top