Македонија

Почина професор д-р Никола Петров, творецот на „Росица“, „Другарче“ и „Наш свет“

Тој се смета за основоположник на македонската предучилишна педагогија, а генерации ученици во Македонија израснаа со списанијата за деца што ги покрена професорот и поранешен декан на Педагошкиот факултет

На 89-годишна возраст почина професорот и поранешен декан на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“, Никола Петров.

Тој се смета за основоположник на македонската предучилишна педагогија, а генерации ученици во Македонија израснаа со списанијата за деца што ги покрена професорот Петров.

Петров е роден во Колешино, Струмичко, во 1937 година. По дипломирањето на Учителската школа и педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1959 г., Петров специјалистичките студии ги завршил во Русија, а докторската дисертација ја одбранил во Белград. Во текот на плодната кариера тој бил раководител на Институтот за педагогија, декан на Педагошкиот факултет во Скопје и еден од клучните луѓе за развојот и афирмацијата на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).

Професорот Петров имал значајна улога во воспоставувањето и во развојот на македонското издаваштво и литературата за деца. Како долгогодишен соработник на издавачката куќа „Просветно дело“ и главен уредник на истоименото педагошко научно-стручно списание, тој е основоположник на култното списание за деца на предучилишна возраст „Росица“, како и на училишните списанија за деца „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“, со кои израснаа бројни генерации.

За својот животен опус и исклучителен придонес во науката и образованието, професорот Петров е добитник на највисоките државни и општествени признанија, меѓу кои и наградите „11 Октомври“, „13 Ноември“ и „Св. Климент Охридски“

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци

Запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче – градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна истрага

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски истакнува: Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

„Скопје.1.мк“: Над 12 тони производи од Македонија запрени на косовската граница, поради „ешерихија коли“ во претходни пратки

„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Партија на пензионери: Поддршка за новиот предлог- КЗ! Конфискуваниот имот да оди за социјалната заштита, здравството и стандардот на пензионерите!

Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.

To top