Камерите во пчеларникот на Нацо Јовчевски во битолското село Дихово ги снимија како влегуваат меѓу кошниците, при што уништија повеќе пчелни семејства, дознава Телма.
Пчеларите се жалат дека покрај климатските промени и намалените приноси, дополнителен проблем им создаваат и пелистерските мечки, кои често слегуваат до пчеларниците во потпелистерските села и ги уништуваат кошниците. Тоа е уште еден предизвик за малите производители, чие производство во голема мера зависи од природните услови
“Потребата за храна повторно ги спушти мечките во потпелистерските села. Во ова несекојдневно видео можете да видите како дури ЧЕТИРИ МЕЧКИ влегуваат во еден од нашите пчеларници и прават огромна штета, уништувајќи голем број пчелни семејства. Зад секое пчелно семејство стојат години труд, љубов и безрезервна посветеност. За нас ова не се само бројки и загубена опрема, туку уништена мака и грижа“ вели Јовчевски, кој повеќе од десет години, покрај со производството на мед и пчелни производи, се занимава и со апитуризам.
ВИДЕО на ЛИНКОТ: