Македонија Бизнис Регион

Животот на Македонците во странство – Колку навистина им останува од платата?!

„Во Германија лесно се живее“ – ова е честа фраза меѓу оние што сонуваат за подобар живот во странство. Но, колку вистина се крие зад ова уверување? Колку реално му останува на еден просечен Македонец од платата кога ќе ги плати сите месечни трошоци во Германија? Просечната бруто-плата во Германија изнесува околу 4.200 евра, но […]

„Во Германија лесно се живее“ – ова е честа фраза меѓу оние што сонуваат за подобар живот во странство. Но, колку вистина се крие зад ова уверување? Колку реално му останува на еден просечен Македонец од платата кога ќе ги плати сите месечни трошоци во Германија? Просечната бруто-плата во Германија изнесува околу 4.200 евра, но реалноста за странските работници е поинаква, пренесе Денар. Мнозинството добиваат нето-плата меѓу 2.000 и 2.500 евра, зависно од професијата, даночната класа и договорот. Но и тие пари, велат иселениците, „летаат“ до средина на месецот.

  • Работам како електричар во Франкфурт, земам 2.400 евра месечно. Звучи многу, ама кога ќе се соберат сите трошоци – кирија 900 евра, здравствено и пензиско осигурување, струја, интернет, храна, гориво – на крај ми остануваат максимум 300 до 400 евра“, вели Александар Ристов, кој пред три години се преселил од Куманово во Германија.

Најголем товар е станбениот трошок. Во градови како Минхен или Штутгарт, киријата за еднособен стан се движи меѓу 1.000 и 1.500 евра. Во поскромни места може да се најде за 600 до 800 евра, но и таму има недостаток на станови. Освен киријата, често се плаќаат и трошоци за одржување („Nebenkosten“), кои во просек се дополнителни 200 евра месечно.

  • Кога ќе платиш осигурување, телефон, јавен превоз или автомобил, немаш простор за луксуз. Можеш да си дозволиш некое патување еднаш годишно, но нема онакво трошење без размислување како што мислат луѓето дома“, објаснува Бојана Крстевска, медицинска сестра од Битола, која работи во клиника во Хамбург.

Храната е достапна, но не евтина како што беше пред неколку години. Инфлацијата, според германскиот завод за статистика, и натаму ги „јаде“ семејните буџети. Лебот, млекото, јајцата – сè е поскапо од порано, па дури и дисконтерите како Aldi и Lidl не нудат веќе „германска евтина кошничка“.

„Можеби тука имаме сигурност, здравство, уреден систем, но парите не се собираат сами. Мораш да си со план за секое евро“, заклучува Александар. Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.

Најнови вести од: Македонија Бизнис Регион

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

(Видео): Нема потреба од кризна состојба, вели премиерот

Факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според премиерот, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

Мицкоски: Менкиноски не е криминалец, туку чесен граѓанин, кому „грев“ му е застапувањето на правата на Македонците! – ЕУ да го осуди ова однесување на Бугарија!

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека „тоа е лоша порака“ и дека „тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку не излезе со осуда на ваквото однесување“.

Владата го предложи судијата во Кривичниот суд Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Владата денеска го предложи судијата од Кривичен суд, Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата треба да биде изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвинител се потребни 61 глас. Портпаролката на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција истакна дека Владата се раководела од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. -Ненад Савески е судија во Кривичниот суд и во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда, рече Митева.

To top