Македонија Регион

(Фото): Како со душа да чекаше: Таравари замина кај Рама

Откако му заврши министерската функција, Арбен Таравари замина во посета на Тирана, каде се виде со албанскиот премиер, Еди Рама. „Со најевропскиот премиер во моментов или како што велат насекаде во последно време: со Еди“, напиша тој.

Откако му заврши министерската функција, Арбен Таравари замина во посета на Тирана, каде се виде со албанскиот премиер, Еди Рама.

  • „Со најевропскиот премиер во моментов или како што велат насекаде во последно време: со Еди“, напиша тој.

Најнови вести од: Македонија Регион

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top