Свет

Медведев за Макрон: „Галски петел без…“

Тешки навреди за претседателот на Франција кој смета дека во Украина треба да се испратат западни мировници

Заменик-претседателот на Советот за безбедност и поранешен претседател на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Москва нема да го прифати присуството на воените сили на НАТО во Украина како безбедносна гаранција за Киев.

Медведев, познат по бројните навреди за странски политичари, со дрски зборови се осврна на францускиот претседател Емануел Макрон, коментирајќи ја неговата позиција околу преговорите за прекин на огнот во Украина и можноста за испраќање „сини шлемови“

„Експлицитно беше кажано: НЕ за трупите на НАТО како мировници. Русија нема да прифати таква гаранција. Но, зарипнатата, патетична птица продолжува да кукурика за да докаже дека е крал на кокошарникот“, нсапиша Медведев, нарекувајќи го Макрон „галски петел без мозок“.

Претходно Макрон го нарече рускиот претседател „чудовиште и предатор“

Најнови вести од: Свет

ЕУ знае како да возврати удар на царините на САД кои предизвикаа бура реакции

Трамп ја потпиша наредбата, која треба да стапи на сила на 24 февруари за 150 дена, а со која се наметнуваат „глобални“ царини од 10 проценти, кои тој во саботата објави дека ќе ги зголеми на 15 проценти, со ретки исклучоци за фармацевтски производи и увоз опфатени со договорот меѓу САД, Мексико и Канада, пренесуваат светските медиуми.

To top