Свет

И коњите убиваат, зарем не!

„Виновни“ за една третитина од смртните случаи во Австралија открива студија

 

Австралија е дом на најотровните змии во светот, како и на некои од најопасните пајаци, меѓу кои се издвојува сиднејскиот пајак со инка (*Atrax robustus*) по својот смртоносен отров. Исто така, постојат агресивни солени крокодили, мали октоподи со сини прстени и бројни ајкули што се кријат во океанот.

Сепак, ниту едно од овие животни не ја носи титулата најсмртоносен, објави Science Alert..

Според извештајот на Националниот систем за смртност, животното што предизвикало најмногу смртни случаи во Австралија помеѓу 2001 и 2021 година всушност било коњот.

Во тој период се регистрирани вкупно 713 смртни случаи поврзани со животни, во просек 34 годишно. Коњите биле вклучени во дури 222 смртни случаи, или 31,1 процент, а мнозинството се случило како резултат на паѓање од коњи.

На второ место, исто така изненадувачки, се наоѓаат неавтохтоните видови. Говедата биле одговорни за 92 смртни случаи (12,9 проценти), од кои речиси половина се случиле во сообраќајни несреќи. По нив следат кучињата со 82 смртни случаи (11,5 проценти), каде што повеќето од причините биле каснувања, но значаен дел исто така паѓа.

Дури на четврто место е првото автохтоно австралиско животно – кенгурот. Кенгурите биле вклучени во 53 смртни случаи кај луѓето, од кои секој бил резултат на сообраќајна несреќа.

По нив следат змиите со 50 смртни случаи, пчелите со 45 (сите поради анафилактичен шок), ајкулите со 39 и крокодилите со 25 регистрирани смртни случаи во споменатиот дваесетгодишен период….

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата оди на горе, но што се случува со златото на берза?!

Златото и среброто не донесуваат камата ниту принос, за разлика од обврзниците или штедењето. Затоа, кога каматните стапки растат или остануваат високи, инвеститорите се свртуваат кон инструменти што генерираат принос, а побарувачката за скапоцени метали се намалува. Со други зборови, повисоките приноси од обврзници го зголемуваат „трошокот за држење“ на златото. Друг важен фактор е зајакнувањето на американскиот долар.

„Ќе зборувавте француски да не бевме ние“: Кралот Чарлс врати на шегата на Трамп

Британскиот крал Чарлс III го искористи својот говор на државната вечера во Белата куќа во вторникот за да му „врати“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во јануари им рече на европските лидери дека без помошта на САД во Втората светска војна сега ќе зборувале – германски

По поразот на изборите: Орбан ја нуди оставката од челото на Фидес

Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, во вторник понуди оставка од функцијата претседател на неговата десничарска партија Фидес, а конечната одлука ќе ја донесе партискиот конгрес во јуни.

To top