Македонија

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски, избран за член на Високиот совет на Светската федерација на стопански комори

 Сојузот на стопански комори на Македонија ја информира јавноста дека претседателот Трајан Ангелоски учествува на 14-тиот Светски конгрес на стопански комори (14WCC), кој се одржува од 2 до 4 септември 2025 година во Мелбурн, Австралија. Во рамки на овој значаен глобален настан, претседателот Ангелоски беше избран за член на WCF General Council – највисокото управно […]

 Сојузот на стопански комори на Македонија ја информира јавноста дека претседателот Трајан Ангелоски учествува на 14-тиот Светски конгрес на стопански комори (14WCC), кој се одржува од 2 до 4 септември 2025 година во Мелбурн, Австралија.

Во рамки на овој значаен глобален настан, претседателот Ангелоски беше избран за член на WCF General Council – највисокото управно и одлучувачко тело на Светската федерација на стопански комори. Ова претставува исклучително признание и голема чест за Македонија, со што нашата земја добива свое место и глас во креирањето на клучните стратегии, политики и насоки за развој на стопанските комори и деловната заедница на светско ниво.

Конгресот во Мелбурн обединува водечки претставници од сите континенти, со цел унапредување на меѓународната соработка, создавање нови деловни можности и зајакнување на врските помеѓу стопанските комори и компаниите. Настанот беше свечено отворен од г. Пол Гвера, извршен директор на Victorian Chamber of Commerce & Industry и од градоначалникот на Мелбурн, Lord Mayor г. Николас Рис, кој ја поздрави меѓународната делегација и ја истакна важноста на Конгресот за глобалната бизнис заедница.

Членството на претседателот Ангелоски во WCF General Council е силна потврда дека Македонија се позиционира како активен и влијателен партнер во глобалните економски текови, обезбедувајќи нови можности за домашните компании и претприемачи.

„Ова е значаен момент и гордост за нашата држава. Со овој чекор, Македонија добива право на глас во донесувањето на најважните одлуки на меѓународно ниво, а воедно и можност да го претстави својот претприемачки дух пред светот,“ истакна, претседателот Ангелоски

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top