Свет

Трамп му дава уште две недели на Путин

„Во рок од две недели ќе знаеме дали ќе има мир во Украина. После тоа, можеби ќе мора да заземе поинаков пристап“ вели Трамп

Американскиот претседател изјави дека неговата администрација ќе знае во рок од две недели дали е постигнат мир во Украина, предупредувајќи дека ако не, ќе „заземе поинаков пристап“.

Оваа изјава е најновата во низата рокови што Трамп ги постави за завршување на војната, кои досега поминаа без конкретна акција, пишува The Kyiv Independent.

„Во рок од две недели ќе знаеме дали ќе има мир во Украина. После тоа, можеби ќе мора да заземе поинаков пристап“, рече Трамп.

Трамп вчера напиша на својата социјална мрежа Truth Social дека Украина не може да ја добие војната без да нападне во Русија, обвинувајќи го поранешниот американски претседател Џо Бајден дека му дозволува на Киев само „да се брани, а не да возвраќа“.

Тој исто така тврдеше дека војната немаше да се случи ако тој беше на власт, завршувајќи ја објавата со зборовите: „Интересни времиња се пред нас!“

Овие изјави значително се разликуваат од неговиот став во декември 2024 година, кога во интервју за списанието „Тајм“ предупреди дека дозволувањето на Украина да користи американско оружје за напади длабоко во Русија би било „голема грешка“ што носи ризик од опасна ескалација. Да ве потсетиме дека администрацијата на Џо Бајден одобри употреба на американски ракети со долг дострел ATACMS за напади во Русија уште во 2024 година.

Најнови вести од: Свет

Рубио: НАТО ќе мора да се преиспита по војната со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги критикуваше Шпанија и дел од другите сојузници во НАТО поради ограничената поддршка во војната против Иран, сугерирајќи дека Вашингтон по завршувањето на конфликтот можеби ќе ја преоцени својата улога во Алијансата.

Рубио за заканите од Иран: Тие се луди религиозни фанатици – Трамп ќе им го спречи сценариото за Хормускиот теснец!

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги коментираше растечките тензии со Иран, велејќи дека заканите на Техеран за трајна контрола на Хормускиот теснец и воведување систем за полнење нема да бидат толерирани. „Ова нема да биде дозволено“, рече Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп има голем број опции на располагање за да спречи такво сценарио.

Над 50.000 американски војници на Блискиот Исток

Воени експерти предупредуваат дека дури и 50.000 војници, од кои голем дел се на море, е премал број за каква било голема копнена операција. За споредба, Израел распореди повеќе од 300.000 војници во своите операции во Појасот Газа

To top