Македонија

Не возел, туку „летал“ со „БМВ“ по автопат

Лишен од слобода возачот кој управувал возило со 252 км на час на место каде што е дозволено 120

 

Вчера во 18:35 часот на автопат „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ј.(36) од Штип.

При сообраќајна контрола полициски службеници констатирале дека Г.Ј. управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 252 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час, информираат од МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од: Македонија

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Судот особено ги истакнува видот и карактерот на игрите на среќа, нивната масовна достапност, обемот и сложеноста на нивното организирање, како и потребата од засилена контрола, надзор и заштита на јавниот интерес

АСОМ: Законот за игри на среќа треба да се повлече и да се изработи ново решение

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) оценува дека јавната расправа во Собранието за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри покажала дека предложеното законско решение содржи сериозни недостатоци и дека е потребно негово целосно повлекување и изработка на нов закон.

Уставен суд: Имињата на улиците во Тетово биле сменети без барање и согласност на Владата!

На 17 јуни, Уставниот суд на Република Македонија ја укина Одлуката за промена на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, донесена на 24 април 2007 година.Од Уставен денес појаснија дека во текот на постапката, поради недоставување на документацијата во целост, Судот во четири наврати побарал од Општина Тетово да се достави целокупната документација којашто претходела на донесувањето на оспорената одлука. Но, Општината ја доставила ниту согласноста ниту барањето за согласност, кое било испратено до Владата, туку Листата на имиња на улици и плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, донесена на 30.11.2006 година.

To top