Свет

Мадуро нареди мобилизација на 4.5 милиони војници , се подготвува за војна со САД(ВИДЕО)

Тензиите меѓу Каракас и Вашингтон достигнаа врв откако портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека претседателот Доналд Трамп е подготвен да ги искористи „сите расположливи средства“ во борбата против нарко-картелите, вклучително и можноста за воена интервенција во Венецуела.

facebook.com/NicolasMaduro

Тензиите меѓу Каракас и Вашингтон достигнаа врв откако портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека претседателот Доналд Трамп е подготвен да ги искористи „сите расположливи средства“ во борбата против нарко-картелите, вклучително и можноста за воена интервенција во Венецуела.

САД ги испратија бродовите „USS San Antonio“, „USS Iwo Jima“ и „USS Fort Lauderdale“, со околу 4.500 војници, вклучувајќи 2.200 маринци, кои се очекува да пристигнат во близина на брегот на Венецуела во недела наутро.

Како одговор, венецуелскиот претседател Николас Мадуро прогласи масовна мобилизација на милицијата(4.5милиони), нагласувајќи ја потребата од заштита на националниот суверенитет.

Одлучив дека овој викенд е клучен за спроведување попис и мобилизација на сите милиции, резервисти и граѓани, мажи и жени, кои се спротивставуваат на империјалистичките закани – изјави Мадуро.

Оваа мобилизација е дел од „Планот за заштита на суверенитетот и мирот“, кој предвидува зајакнување на народната милиција, цивилната одбрана и одговор на психолошката војна, преку активности организирани во воени единици, локални штабови и градски плоштади.

Мадуро истакна дека меѓународното право ја забранува употребата на сила против суверени држави, а Венецуела доби поддршка од Русија, Кина, Иран и земјите од Боливарската алијанса, кои остро ги осудија заканите од САД.

https://x.com/jacksonhinklle/status/1959312608416121243

Најнови вести од: Свет

Полуостров во пламен, луѓе бегаат од Крим (ВИДЕО)

Украинската кампања со беспилотни летала на Украина ги таргетира клучните руски рафинерии за нафта, цевководи и сродна инфраструктура, придонесувајќи за недостиг на гориво не само на полуостровот, чија економија е во голема мера зависна од руските туристи, туку и во самите руски региони.

Трамп со закани ги „туркаше“ преговорите САД-Иран

Во серија објави на социјалните мрежи и телевизиски интервјуа, американскиот претседател се закани дека ќе го бомбардира Иран, па дури и ќе го киднапира иранскиот преговарачки тим ако Ормускиот теснец не се отвори

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници

Главните преговарачи на САД и Иран имаат рок од 60 дена за да постигнат договор за техничките детали кои што би можеле да имаат големи последици врз светската економија и глобалната безбедност

To top